- Реклама -  

Англиската кралица Victoria обожавала рози, принцезата Sisi ирис, кралицата на Франција Catherine de’ Medici бергамот, но заедничко за сите е што во својот дворец имале личен парфимер кој само за нив го создавал омилениот парфем.

Скопје деновиве ќе биде домаќин на еден досега невиден настан, а улогата на кралски двор ќе ја преземе парфимеријата Анабела Мериот и само за својата свита ќе го угости најпознатиот мастер парфимер и најголемото име во светот на niche парфемите, Paolo Terenzi.

На овој спектакл ќе бидат присутни претставници на медиумски куќи и инфлуенсери каде заедно во мирисливата работилница ќе создадат персонализиран мирис на течни емоции што ги надминува трендовите.

- Реклама -

Paolo Terenzi – сензација во светот на убавината!

Талентиран, неконвенционален и маестрален познавач во создавањето на мирисни приказни, Paolo Terenzi е сензација во светот на убавината. Професионален музичар со диплома на право и филозофија, ја изучува хемијата и физиката, со неограничена поетска имагинација и сензибилитет, познат по тоа што парфемите ги креира со природни суровини кои лично ги собира на бројните патувања низ целиот свет. Во неговата мирисна библиотека се наоѓаат помеѓу 200 и 300 скапоцени мирисни ноти, со чија помош создава парфемски композиции кои му донесоа слава во светот на врвните експерти за мириси, но и номинација на една од најпрестижните награди во светот на парфемите, која се нарекува парфемски Оскар – Fifi Awards.

Tiziana Terenzi прерасна во светски познат бренд!

Paolo Terenzi, познатиот италијански niche бренд го води со својата сестра Tiziana, која е креативен директор и дизајнер чие име го носи брендот. Tiziana Terenzi прерасна во светски познат бренд од работилница со 16 квадратни метри, создаден во далечната 1968 година во италијанскиот град Cattolici. Од генерација на генерација се пренесуваа чувствата искусени во текот на патувањата, за да бидат „заробени“ во непроценливи шишенца со парфемски екстракт. Брендот Tiziana Terenzi е роден од љубов и споменот на нивниот татко, сакајќи да го прослават неговото име.

V Canto мирисите зборуваат за патување кон најчистата и најодважна љубов!

Страста за патување, собирање на спомени и нивно преточување во миризливи шишенца во себе го носи V Canto, сестрински бренд на Tiziana Terenzi. Инспирирани од „Божествената комедија“ од Данте, мирисите V Canto зборуваат за патување кон најчистата и најодважната љубов која во историјата на човештвото некогаш е позната, спакувана во парфемски шишенца со ретки и скапоцени есенции кои ги прават уникатни и незаборавни.

Чудо од парфеми што можат да одолеат на времето и модата!

Парфемските креации на брендот Tiziana Terenzi спаѓаат во т.н. уметнички парфимерии и не се замараат со трендови кои утре ќе бидат заборавени, затоа создаваат чудо од парфеми што можат да одолеат на времето и модата, течни емоции кои се спојуваат со кожата и го осветлуваат оној кој ги носи.

- Реклама -