Ако еден парфем може да се издвои како некој што ја одбележа 2017 година и сеуште ужива голема популарност кај својата публика, тоа сигурно е женскиот парфем Gabrielle Chanel. Овој мирис на сцената се појави на почетокот на минатото лето и со силна кампања многу брзо се искачи на листата на бестселер парфеми. И со оглед на огромниот бројот на фанови, беше само прашање на време кога мирисната линија Gabrielle Chanel ќе биде дополнета.
Gabrielle Chanel – гел за туширање, дезодоранс и хидрантна емулзија!
Една година подоцна, доаѓаат производи за тело со мирисна трага на овој омилен парфем. Во Gabrielle Chanel колекцијата за нега на тело вклучен е мирисен гел за туширање кој доаѓа во препознатливото шишенце што наликува на она елегантното на мирисот Gabrielle Chanel, потоа дезодоранс во спреј кој ги распрснува мирисните ноти на парфемот и конечно хидрантна емулзија за тело која доаѓа во шише со иста форма како и самиот парфем, но во крем бела боја.
Дополнителен луксуз – златните акценти на шишенцата!
Златните акценти на шишенцата на новите производи дополнително им дава луксуз и овие производи освен што прекрасно ќе ја хранат кожата на телото и ќе остават зад себе мирислива трага, исто така ќе бидат естетски префинети прилози на полицата во купатилото.
Во продажбата доаѓаат од средината на Август!