- Реклама -

Секое лето посветувате големо внимание на производите кои ќе ја заштитат вашата кожа од сонцето, но дали сте свесни за фактот дека сонцето и штети на вашата коса? И тоа е само еден од факторите што ја уништува косата во текот на летото, поради тоа потребно е темелно обновување на есен. Но, што ако може оштетувањето на косата да го спречите? Еве на што треба да внимавате за да ја заштитите косата навреме.

Што ја уништува вашата коса на лето?

Сонцето е еден од најголемите непријатели на косата во текот на летото, бидејќи штетните УВ зраци предизвикуваат избледување, косата станува сува и со многу испукани врвови. Покрај сонцето, други фактори кои влијаат на косата се солената морска вода и хлорот од базените. Потоплите месеци оставаат убедливо најголем белег на вашата коса, а со изложување на сонце, солена вода и хлор ја прават чувствителна. Влијание врз здравјето и балансот на косата, има и потењето, верувале или не! Со лачењето на потта на вашиот организам, косата го губи нивото на влага и станува сува и склона кон кршење.

Како да го спречите оштетувањето на косата во лето?

Шешир за на плажа!

Сакате да ја зачувате косата од оштетување и губење на бојата, за почеток инвестирајте во шешир, за да ја заштитите косата додека сте на плажа. Ако не ви се допаѓа да носите шешир, инвестирајте во спреј за коса со заштитен фактор, кој ќе и даде влага на вашата коса и ќе ја направи сјајна и мека, но воедно ќе ја заштитете од штетните зрачења.

- Реклама -

Leave-in регенератор!

Пред да одите на плажа или на базен, навлажнете ја косата и внимателно нанесете leave-in регенератор што нема да го исплакнете. Вашата коса на овој начин ќе го впие регенераторот наместо морската вода или хлорот.

Сув шампон!

Освен тоа, може да забележите дека вашата коса многу побрзо се масти. Причина за тоа е потењето, бидејќи во текот на летото поради топлината многу повеќе потиме, а капките пот преку скалпот го пренесуваат себумот на влакното, на тој начин замастувајќи ја косата. Сув шампон во оваа ситуација ќе ви помогне косата да остане немрсна подолго помеѓу две миења.

Исушете ја косата на природен воздух!

Непријател на убава и здрава коса сигурно е фенот за коса. Оставете го барем во летните месеци на страна и исушете ја косата на природен воздух, па затоа косата ќе биде многу помалку склона кон кршење.

Ако имате рамна или малку кадрава коса, избришете ја косата со пешкир за да ја апсорбирате влагата, а потоа со прстите расчешлајте ја косата за да ја задржи текстурата. Потоа можете да користите креми за стајлинг за постигнување нежни и меки кадрици.

Ако вашата коса е кадрава, поминете ја со широк чешел, а потоа лесно поминете преку неа со пешкир за да ја апсорбирате влагата. Откако косата е сува, одделете ги вашите кадрици со рацете, а следниот чекор е нанесување на производ кој ќе ја хидрира косата, но ќе помогне да се дефинираат прекрасни кадрици.

Редовно шишање!

Појавата на испукани врвови на косата може да го спречите со хидратантна маска, но ако вашата коса има претрпено голема штета од летниот одмор, ќе мора да се препуштите на советите од професионалците во фризерските салони. Фризерските стилисти препорачуваат дека во лето добро е да се оди на редовно шишање, бидејќи само тогаш косата расте побрзо и ако не се ослободите од испуканите врвови, тие ќе зафатат многу повеќе од косата, отколку што тоа го сакате.

- Реклама -