- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Од Август 2018 година, модниот бренд Burberry влезе во нова ера под водство на креативниот директор Riccardo Tisci, кој претстави потполно ново лого и монограм на познатиот бренд. Се чини дека новиот правец ќе го следи младешкиот, луксузен стил на облека. Во соработка со компанијата Coty, беше претставен нов Burberry парфем, едноставно наречен Burberry Her. Лансирањето на парфемот е планирано за почетокот на месец Октомври 2018 година и тоа е прв мирис од брендот Burberry чие пакување е украсено со новото лого.

Младешкиот дух на градот Лондон!

Burberry Her е дизајниран да го претстави младешкиот дух на градот Лондон, креативната метропола: дух кој е жив, авантуристички и храбар. Мирисната композицијата ја потпишува Francis Kurkdjian како своја интерпретација на цветно-овошна тема со гурмански акорди. Десертното зрнесто овошје од врвот е комбинирано со средните ноти на љубичица и јасмин, врз основа на дрвенести ноти и килибар.

Cara Delavigne – лице на кампањата!

Заштитно лице на новиот парфем Burberry Her е моделот Cara Delavigne.

- Реклама -

Светло-розово транспарентно стаклено шишенце имитира шише виски. Логото е врежано од страна, на дното на шишето.

Burberry Her е достапен во 30, 50 и 100мл, како Eau de Parfum.