- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

David Beckham Inspired by Respect е новиот мирис од David Beckham линијата, мирисно надополнување на минатогодишното машко издание Respect, познато по своите контрасти на свежи, овошни, зачински и земјени тонови.

David Beckham: Мирисот е многу модерен и секое шишенце апсолутно е единствено!

Inspired by Respect доаѓа во шишенце со ист облик како претходникот, но секое од нив истовремено различно, бидејќи преливањето на виолетова боја на стаклото претставува мотив на чад и не се повторува на ист начин.

David Beckham изјави: “Многу сум задоволен со претставувањето на мојот нов мирис Inspired by Respect. Мирисот е многу модерен и секое шишенце не е направено само стилски, но апсолутно е единствено – ми се допаѓа!”

Комбинација на опојни цитруси и интензивна лаванда!

Мирисната композиција е потпишана од страна на парфимерката Juliette Karagueuzoglou која избра комбинација на опојни цитруси и интензивна лаванда за отворање на композицијата. Ароматичниот цитрусен почетокот е увертира на зачинскиот микс на каранфилче и кардамон засладен со свеж сок од ананас. Базата на мирисот придонесува за топлина и елеганција, но комбинацијата на корен од ирис, кедар и Amberxtreme молекули обезбедува сув и дрвенест финиш.

- Реклама -

David Beckham Inspired by Respect е достапен во 40 и 60 мл како Eau de Toilette.