- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во јануари 2019 година, Jean Paul Gaultier го претставува новото ограничено издание на мирисот Classique Cabaret Eau de Parfum во атрактивно шишенце со препознатлива форма на женска силуета, но овој пат облечена во интензивно црвен фустан со светки. Новото издание ќе ја збогати мирисната колекција Classique со нова верзија на оригиналот. Мирисот е инспириран атмосферата во кабаре клубовите во 40-тите години на минатиот век.

Миризлив спектакл!

Classique Cabaret ве поканува на миризлив спектакл, откривајќи ја неодоливата убавина на цветот од портокал, афродизијачката моќ на ѓумбирот и слаткоста на ванилата. Длабочината и пријатниот топол карактер на мирисот ја обезбедуваат нотите на ambergris кои заедно со ванилата создаваат мека и топла атмосфера, како контраст на аромите на цвеќиња и зачини.

- Реклама -

Мирисот Jean Paul Gaultier Classique Cabaret доаѓа во ограничено издание во шишенце од 100 мл како Eau de Parfum.