По дваесет години, на престижната парфемска сцена ќе пристигне новиот женски парфем Joy by Dior со потпис на брендот Dior, вест која сите бјути ентузијасти и љубители на брендот Dior ја пречекаа со воодушевување.
Oда на уживање во животот!
Потполно нов, женскиот парфем на модниот бренд Dior, насловен како Joy by Dior ќе биде презентиран на крајот од месец Август 2018 година, како ода на уживање во животот. Joy by Dior замислен е како енергичен, разигран, но истовремено и нежен мирис на среќата и доброто расположение, така што мора да го почувствувате за да го објасните.
Неговиот креатор, парфимерот François Demachy изјави дека Joy by Dior изразува посебно чувство на радост презентирано преку мирисната интерпретација на светлината. Создаден е од повеќе нијанси, лица и опачина, кои заедно создаваат кристално чиста мирисна експресија.
Розата од Grasse – препознатлива состојка во Dior парфемите!
Мирисната композиција Joy by Dior е опишана како енергична хармонија на цитрус и цвеќиња. Розата од Grasse, препознатлива состојка во Dior парфемите, се меша со јасмин и сочно цитрусно овошје кои му даваат живот на целосната мирисна креација. Топлото сандалово дрво во основата нуди нежна прегратка, додека чистиот и пудрест допир на мошусот дава ефект на сензуален допир.
Jennifer Lawrence – лице на рекламната кампања!
Заштитното лицето на новиот парфем Joy by Dior е актерката и долгогодишна амбасадорка на брендот, Jennifer Lawrence.
Кристално и нежно розово шишенце!
Шишенцето е со едноставна форма, кристално и нежно розово. Во внатрешноста на капачето се наоѓа симболот на брендот Dior, а капачето е обвиткано со сребрена жица.
Dior Joy ќе биде достапен во 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum, а колекцијата ќе биде збогатена со мирисен лосион за тело.