- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новиот машки мирис на брендот Lacoste – L’Homme Lacoste Intense ќе биде лансиран во почетокот на месец септември 2018 година како поинтензивна верзија на оригиналниот L’Homme Lacoste од 2017 година, создаден од парфимерот Michel Girard. Оваа линија е олицетворение на стилот на Lacoste мажот, со истакнат крокодил на шишенцето како амблем на брендот.

L’Homme Lacoste Intense: Eлегантен и заводлив!

Новата мирисна композиција исто така е дрвенесто-зачинска, речиси идентичен со оригиналот, со свежо и спортско отворање на цитрусни и овошни ароми. Во зачинското срце доминира ѓумбир, покрај ноти од јасмин и бадем, потпирајќи се на дрвенеста основа со ветивер и кедар како главни актери.

Lacoste L’Homme Lacoste Intense е најавен како елегантен и заводлив машки мирис.

Неверојатно темното сино шишенце на новото издание е украсено со сребрено лого на крокодил.

Мирисот ќе биде достапен во 50, 100 и 150 мл, како Eau de Toilette.

- Реклама -

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име