- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Lacoste Fragrances го претставуваат новиот мирис кој припаѓа на популарната колекција Lacoste Pour Femme, втемелена со првенецот Lacoste Pour Femme во 2003 година. Мирисната линија беше проширена со Lacoste Pour Femme Legere  во 2017 година и Lacoste Pour Femme Intense во 2018 година. Новото издание на Lacoste Pour Femme Elixir нуди нова визија на женственост и софистициран моќен chypre-цветен состав кој го фаворизира кремастото и опојно бело цвеќе.

Интензивна, нагласена верзија на оригиналот за силна и доминантна жена!

Lacoste Pour Femme Elixir е интензивна, нагласена верзија на оригиналот, за силна и доминантна жена. Возвишена женственост на бел цветен букет нијансиран со топлина и кремасти нијанси на дрвенест бленд, кој дава длабочина на мирисот. Елеганцијата на цвеќињата се рефлектира во изборот на гарденија, тубероза и цветови од јасмин кои преовладуваат во мирисната композиција од отворање до крај.

Возвишена женственост на бел цветен букет!

Блескавата сила на мандарината и опојните ноти на розовиот бибер се комбинирани со цветови од јасмин во отворањето на мирисот, а во срцето се развиваат ароми на бразилска гарденија, хелиотроп цветови и sambac јасмин, придружени со дрвенест бленд на ветивер, бел кедар и пачули во основата. Како женствен завршеток, но со многу предизвикувачки потпис во основата доминираат аромите на тубероза.

- Реклама -

Lacoste Pour Femme Elixir достапен во темно виолетово шишенце!

Мирисот Lacoste Pour Femme Elixir од Февруари 2019 година ќе биде достапен во темно виолетово шишенце од 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.