Од мирисната колекција La Vie Est Belle на Lancôme која претставува „ода на среќата“, пристигнува ново издание – La Vie est Belle en Rose. Мирисот ќе биде лансиран во Февруари 2019 година како свежа, блескава и цветна интерпретација на оригиналниот La Vie Est Belle.
Розов филтер на оптимизам!
Композицијата е потпишана од парфимерите Dominique Ropion и Anne Flipo, како дуо задолжено за оваа парфемска колекција. Замислен како розов филтер на оптимизам, новиот мирис импресионира со мирисни ноти на црвено овошје – како што е малината, при отворање на мирисот, преземајќи ги мирисните ноти на божур и роза во срцето и гурманскиот ирис и сандалово дрво во основата.
Julia Roberts – ја продолжува „одата на среќата“!
Заштитното лице на мирисната колекција La Vie Est Belle, актерката Julia Roberts, овој пат е облечена во розов фустан во нова рекламна кампања за новиот La Vie est Belle en Rose.
Lancome La Vie est Belle en Rose ќе биде достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.