- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали сте меѓу оние кои не веруваат на никого освен на себеси кога станува збор за кубење веѓи? Некои од вас целата работа ја завршуваат сами, но често боли многу повеќе отколку што можеби сте очекувале и покрај толку години пракса. За жал, некои можеби никогаш не се навикнуваат на тоа чувство, ниту пак болката станува помалку интензивна со текот на времето. Сепак, постојат некои трикови што можете да ги практикувате за да го направите овој ритуал помалку болен. Ви пренесувам неколку совети за тоа како кубењето веѓи да го направите безболно.

Туширање со топла вода го олеснува кубењето на веѓите!

Основачот на брендот Anastasia Beverly Hills, Anastasia Soare, позната како кралица на веѓите, препорачува туширање со топла вода или да ставете топли облоги на веѓите пред да започнете да работите со пинцета. Ова ќе помогне да се отворат порите и да се олесни непријатноста. Сепак, откако ќе ги искубете веѓите со пинцета, никогаш не ставајте топла облога врз нив. Наместо тоа, користете ладна облога за да го намалите црвенилото што може да се појави поради кубењето на влакненца од кожата.

Избегнувајте огледала што зголемуваат!

Колку и да е примамливо, огледалата со моќ на зголемување можат да бидат опасни при кубењето веѓи. Anastasia Soare вели дека ваквите огледала се најбрзиот пат до прекумерно кубење. Многу е веројатно дека не треба да искубете толку влакненца колку што мислите дека ви треба додека се гледате во такво огледало. За да се постигне правилна форма на веѓите, важно е да знаете дека тие треба да започнат од средината на секоја ноздрва и да завршат таму каде што надворешниот агол на ноздрвата се спојува со надворешниот агол на окото. Друг одличен трик е да ги пополните веѓите пред кубење. Ова ќе ви помогне да не претерате со пинцетата и да се поштедите од дополнителна доза на болка.

- Реклама -

Изберете ја вистинската пинцета!

Бидејќи коската на веѓите е закривена, Anastasia Soare препорачува да користите квалитетна пинцета со кос врв за да го избегнете кинењето на влакненцата кои се предалеку од кожата. Ова предизвика дополнителна и непотребна болка. Пинцетите со кос врв успешно ги отстрануваат и најгустите, како и најтенките беби влакненца.

Кубете правилно!

Откако ќе ја набавите вистинската пинцета, проверете дали сè што правите, го правите на исправен начин. Секогаш треба да бидете сигурни дека со пинцетата ќе се приближите што е можно поблиску до коренот на влакното. Покрај тоа, би било добро влакненцата да ги искубете во насока на нивниот раст. Ако ги кубете во спротивна насока, кожата може да стане многу иритирана и болна.

Крем со антивоспалително својство може да стане вашиот најдобар пријател!

Крем со антивоспалително својство треба да се најде во секој несесер. После секоја постапка на отстранување на влакненцата, секогаш можете да нанесете малку крем со антивоспалително својство. Тоа ќе ви помогне да ја елиминирате болката и ќе ја ублажи иритацијата предизвикана од кубењето на веѓите со пинцета.