Новата парфемска вода Byredo Eyes Closed ја поттикнува емотивната поврзаност, но и дава збунувачки очекувања. Ова мирисно искуство ја отсликува емотивната врска на љубовен пар кој со затворени очи се спојува еден во друг. Затоа што само кога чувствуваме љубов во разделбата, душите се во склад, трансцедентни со текот на времето. Љубовта е љубов и не познава граници!
View this post on Instagram
Мирис кој го обликува светот во кој љубовта ги победува сите разлики и поделби!
Што се случува кога ќе исклучите едно сетилно искуство? Полетува имагинацијата, останатите сетила се заоструваат и откривате нов начин на гледање на светот околу себе. Byredo Eyes Closed го обликува светот во кој љубовта ги победува сите разлики и поделби. Неопипливо, но постојано.
Смирувачки мелем на сродните души!
Како души кои се испреплетуваат, Eye Closed нуди неочекуван спој на бесценети мирисни ноти кои предизвикуваат бескрајна топлина и нежност, како смирувачки мелем за сродни души. Парфемот се отвора со ноти на слатки зачини, цимет и кардамон. Го привлекува вниманието и ве води низ обиколка на земјени акорди од морков, ирис и ѓумбир. На самиот крај остава микс од ноти во основата на пачули и дрвенест папирус.
Мирисот Eye Closed отвора свет во кој љубовта ги разбива сите разлики и поделби, предизвикувајќи чувство на топлина, нежност и вртоглава привлечност, како моќта на совршениот бакнеж.
View this post on Instagram