После популарните мирисни изданија Midnight Shimmer од 2016 година и Twilight Shimmer од 2018 година, кои со своите модерни, ориентални композиции и атрактивни шишенца украсени со светки привлекоа внимание кај љубителите на Michael Kors мирисите, во парфимериите доаѓа ново издание Starlight Shimmer кое нè повикува да го почувствуваме гламурот во ноќта.
Мирис кој го рефлектира волшебниот сјај и бескрајните светла доцна во ноќта!
„Мирисот Michael Kors Starlight Shimmer го рефлектира волшебниот сјај и бескрајните светла доцна во ноќта. Ориенталниот мирис ве води длабоко во ноќта со бленд на блескави латици од роза, скапоцен шафран и богати златни нијанси на амбер.
Starlight Shimmer останува до доцна во ноќта со темно зачаденото стакло со блескав темно син сјај и раскошни метални акценти“ – изјавија од брендот Michael Kors.
Новиот Starlight Shimmer на Michael Kors е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.