Сончева светлина која се рефлектира на песокот. Топло ветре на слобода. Со независност и елеганција како нејзин единствен багаж, оваа Nomade жена повторно бега. Слободна. Модерна. Безгрижна. Во ова нејзино патување, границите исчезнуваат. Ум отворен кон светот, секое искуство и секоја средба е ветување за бескрајни хоризонти. Авантурата во срцето на пустината – во пејзаж од бои кои секогаш ја поттикнувале и инспирирале креативноста на основачката на модната куќа Gaby Aghion – Chloé продолжува со Nomade Absolu de Parfum. Поинтензивно бегство, потопено во срцето на длабоко софистицираниот мирисен луксуз.
Ново патување
Деликатна, мирисна топлина на дестинација од фантазијата. Креирана од парфимерот Quentin Bisch од парфимерската куќа Givaudan, Nomade Absolu de Parfum ве носи далеку. Овој дрвенест мирис претставува поинтензивна, опојна верзија на оригиналната композиција.
Смелата референца на универзумот на машките мириси – дабовата мов останува во вибрантната срцевина на Nomade, но тука открива неочекувана префинетост. Богатата текстура на слатката mirabelle слива, носи сочна димензија на мирисот. Сензуалност која е зголемена од овошните, ароматични карактеристики на кадифестиот davana цвет. Ветре на слободата, затоплен од кремастиот, дрвенест раскош на нежното сандалово дрво. Уникатен, блескав, привлечен мирис.
Предмет на желба
За оваа интензивна верзија, Nomade шишенцето е украсено со топли бои, рафинирани материјали и луксузни детали. Елегантните контрасти помеѓу графичките линии на грлото на шишенцето, златните украси и кожниот додаток во боја на лешник, прави ова шишенце да наликува на модните додатоци кои ги креира Chloé модната куќа.
Храм на светлина
Французинка родена во Атина, со живеалиште во Лондон… актерката Ariane Labed се враќа повторно да го долови ова ново номадско патување. Преку леќите на фотографот Peter Lindbergh, во храм на сенка и светлина, таа ја прикажува оваа авантура. Со коса која нежно се вее на ветерот на слободата и со лице потопено во сончева топлина, таа ја искажува својата отвореност кон светот.