Свежата морска трага на Davidoff Cool Water мирисите продолжува, но со ново издание, женска верзија на Cool Water Wave од 2017, сега како Cool Water Woman Wave издание за ова лето. Мирисот е создаден како врска помеѓу жената и океанот како инспирација, за емитирање на позитивна енергија, адреналинска возбуда и природна сензуалност.

Инспирација пронајдена во песочниот брег на плажата Bondi!

Мирисната композиција ја создадоа парфимерите од куќата Takasago: Maia Lernout и Francis Kurkdjian. Maia сакаше да создаде соларен акорд со елементи од солен амбер, додека Francis инспирацијата ја пронајде во песочниот брег на плажата Bondi.

Цитрусните акорди се помешани со овошен коктел и ноти од океан, збогатени со соларни акорди и бели цветови.

Сурферката Elyse Knowles – заштитно лице на парфемот!

Заштитното лице на кампањата за Davidoff Cool Water Woman Wave снимена на Тахити од страна на Jacob Sutton е сурферката Elyse Knowles.

- Реклама -

Davidoff Cool Water Woman Wave достапен е во 30, 50 и 100мл, како Eau de Toilette.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име