- Реклама -

Палетите со сенки од Max Factor имаат заедничко име nude, бидејќи сите три палети на бои наменети се за создавање мејкап изглед со природни – неутрални бои, за дневен или за smokey-eye изглед. Меѓутоа, меѓу себе се разликуваат по нијансите: од најсветли до најтемни, од мат до седефести, блескави и сјајни кои овозможуваат комбинирање, контурирање и постигнување на саканиот изглед на окото. Темните нијанси овозможуваат да додадете дефиниција и суптилно контурирање на окото. Формулата е свиленксато мека, со бисерни пигменти и бои кои блескаат.

Квалитетна палета со прифатлива цена:

Max Factor Masterpiece Nude палетата со сенки поради понудениот добар квалитет мислам дека цената во парфимериите е поволна. Навистина уживам со мојата палета и таа ми даде убава инспирација за пишување на овој текст. Она што особено ми се допаѓа кај оваа палета е тоа што тешко е да се купи добра и квалитетна палета со прифатлива цена. Има неколку палети кои спаѓаат во овој ценовен ранг, но според мое мислење, ова би било она што би го купила, во однос на палетите што ги имам пробано од Maybelline “The Nudes”.

Пакување:

Пластичната амбалажа со транспарентен капак е многу убава. Со неа добивате еден од оние непријатни апликатори. Го погледнав и не можам да разберам зошто го ставиле во оваа прекрасна палета. Сè уште немам купено палета за очи која содржи апликатор што ми се допаѓа.

Од понудените 3 палети, мојот избор е 03 Rose Nudes :

Палетата што ја имам е број 03 Rose Nudes. Розовите нијанси се едни од моите омилени во сенките за очи бидејќи тие не само што се вклопуваат во мојата неутрална кожа, туку  ги засилуваат моите кафени очи.

- Реклама -

Боите изгледаат енергично, рамномерно и сите нијанси се нежни. Дури и најсветлите сенки се чини дека имаат одлична пигментација. Од осум нијанси, три се целосно мат, две се блескави, а три имаат сатенска завршница. Имате различни текстури и опсег на бои за комплетен изглед на шминката и даваат можност за многу различни комбинации.

Квалитет:

Како прво има одлична комбинација на бои. Бојата на сенката, која се аплицира на очните капаци, ќе биде иста со бојата во палетата. Боите се интензивни, се вклопуваат навистина добро и се долготрајни. Забелешка: Jас секогаш ставам база за сенка на моите очни капаци.

Разновидни бои:

Oд светли до темни, има одлична комбинација на бои и можете да направите изобилство на различни мејкап изгледи. Исто така, многу лесно се прави Smoky eye изгледот.

Постои мешавина на мат и блескави сенки:

Јас мислам дека треба да се употребува комбинација на мат и блескави сенки. Зошто? Се работи за баланс: Премногу блескави сенки на окото може да личи како диско топка. Спротивно на тоа,  кога се употребуваат само мат сенки изгледот е многу едноставен.

Недостаток:

Сенките се доста меки, поради што при аплицирање малку се ронат, односно делови од сенката паѓаат под очите. Тоа посебно е проблематично со блескавите нијанси. Затоа постапете како што правам јас: прво ги шминкам очите, а потоа нанесувам течна пудра на лицето, на тој начин можете да ги избегнете последиците од ронењето на сенката.

Заклучок:

Ако сте љубител на шминка и има малку простор во вашиот несесер за уште една палета за очи, набавете ја. Ова е добра квалитетна палета за цената што се нуди.

- Реклама -