Зборувајќи за квалитетна шминка, сè започнува од подлогата. Секако, во позадина се подразбира соодветна нега на лицето и редовна рутина за убавина, но кога станува збор за декоративни производи, прајмерот е мејкап производ поради кој шминката на вашето лице ќе трае долго и ќе изгледа беспрекорно. Првично, прајмерите имаа за цел само да ја продолжат издржливоста на шминката на лицето што е можно подолго, но како што одминува времето, козметичките брендови ги донесоа формулите до совршенство, така што сега може да го пронајдете идеалниот производ за вашиот тип на кожа, нејзините несовршености и посакуваниот ефект што сака да го постигнете.
Прајмерот е најдобар сојузник на мрсна кожа затоа што тоа е тип на тен каде што добрата шминка најбрзо „исчезнува“ заради зголемените пори, но и поради создавањето на несаканиот сјај на лицето. Многумина од вас во такви ситуации прибегнуваат кон матирачка пудра, но тоа не е добар производ, бидејќи може да создаде спротивен ефект, односно cakey ефект на лицето.
Производ кој внесе мала револуција во бјути рутината!
Поради овие причини, прајмерот е производ кој мора да биде почеток на секоја мејкап рутина и доволно е да се нанесе само тенок слој, за овој неопходен производ од козметичкиот несесер да го постигне посакуваниот ефект. По нанесувањето, кожата станува измазнета, се создава одлична подлога и последно, но не и најмалку важно, благодарение на добрата подлога, шминката ќе биде издржлива и беспрекорна.
Овој производ се нарекува вистински мал волшебник во козметичкиот несесер и донесе мала револуција во рутината за шминкање. Затоа време е да го додадете во вашата рутината за убавина и еве за вас издвоив неколку фаворити.