- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сигурно се прашувате која е приказната на мирисите од брендот Juliette Has a Gun? И јас се прашував и долго размислував… После првото прскање се оддадов на мирисните ароми кои кај мене развија типична ренесансна романтична приказна што поприма карактер од модерно време. Модерна, Шекспирова Јулија која е „вооружена“, но романтична исто како порано.

Juliette Has a Gun Vanilla Vibes – ново парфемско откритие!

Новото парфемско откритие, мирисот Vanilla Vibes со својата инспиративна мирисна арома, кај мене изнуди доза на одлучност и храброст, бидејќи оваа парфемска композиција е создадена да не се плаши да оди против правилата на модерните парфеми. Vanila Vibes ги комбинира спротивностите! Тоа е бленд на топла, природна ванила и минерална морска сол.

Парфем за мене, за жени кои се ценат себеси, но остануваат женствени!

Мирисот Vanilla Vibes само со едно нанесување ја разбуди слободата и во рака ми даде „оружје“ со кое можам да се соочам со мажите во вечната борба на пол, страст и љубов. Vanilla Vibes е парфем за мене, парфем за жени кои се ценат себеси, не се плашат да провоцираат, но остануваат женствени!

- Реклама -

Го добив тоа што ми требаше – моќна и слободна женственост!

Vanilla Vibes е неодолив мирис за секој ден, но и за посебни прилики, со единствена арома што ме придружува во текот на целиот ден. Го добив тоа што ми требаше, израз на сензуална, моќна и слободна женственост. За мене Vanilla Vibes е мирисна химна за авантура и слобода. Уживам во мирисната приказна со него!

Фото: @enatilevska