Max Factor Crème Bronzer всушност е пудра во прав но со формула на бронзер кој многу лесно се прилагодува на лицето благодарение на обоените пигменти кој се претставени како минерали во прав. Без разлика на годишното време, жените може да постигнат природно исончан тен благодарение на овој бронзер.

Создаден од мејкап артистите!

Тимот на Max Factor соработува врвни мејкап артисти и ги разбира сите потреби на модерната жена. Па така и овој пат ја разбира потребата од желбата за бронзер, формула која лесно ќе се нанесува на лицето и ќе ја постигне потребната боја при нанесувањето. Секоја жена која користи мејкап производи посакува производ-бронзер кој ќе и овозможи природен изглед, но во исто време исончан тен, кој ќе трае во текот на целата година.

Свилен прав кој при нанесувањето на лицето изгледа сосем природно!

Формулата на бронзерот има тенденција да биде свилен прав кој при нанесувањето на лицето изгледа сосем природно. Нуди одличен квалитет благодарение на внимателно балансираните пигменти кои светкаат кога ќе го нанесете на лицето. Ви советувам да го нанесувате со голема четка се до линијата каде започнува косата, а потоа нежно, со кружни движења нанесувате на образите. Никако не го заборавајте вратот и деколтето.

- Реклама -

Лесно нанесување!

Предизвикот на Max Factor при создавање на овој производ беше постигнување на многу едноставен ефект на природно исончан тен – бакнеж од сонцето, во текот на целата година. Во соработка со светските мејкап артисти внимателно се одбрани двете нијанси на бронзерите кои совршено се поклопуваат со сите нијанси на боја на кожа и тен. Сега жените можат да го скратат процесот: прво на нанесување руменила, па потоа нанесување на бронзер кој ќе се прилагоди на нивниот тен. Со новиот бронзер тие во еден чекор го добиваат посакуваното. Нанесете ја својата омилена пудра, а потоа само нанесете од бронзерот и уживате.

Без разлика на годишното време, јас го добивам мојот посакуван изглед!

Многу ми е важен природниот изглед и тен на лицето. Секогаш се осеќам поубаво и посамоуверено кога на лицето имам некаков вид на бронзер. Светкавите образи се нешто со кое  изгледам фантастично. Кога ќе го нанесам бронзерот на Max Factor, секогаш добивам милион прашања во врска со тоа како сум ја постигнала таа природна исончана боја на лицето. Навистина сум презадоволна од производот, ги исполни сите мои очекувања. Без разлика на годишното време, јас го добивам мојот посакуван изглед.

Max Factor бронзерот – инспирација од легендарниот производ на Max Factor, Crème Puff!

Веќе 60 години најпродаваниот производ Crème Puff е понуден како финиш шминка за лицето. Сега покрај Crème Puff, Crème Puff Blush, Crème Puff Bronzer станува дел од оваа линија. Формулата за долготрајност е иста во сите три производа. Бронзерот нуди исончан тен, кој не е многу светкав, а не е ни мат. Бидејќи е приспособлив за секаков тип на боја на кожа, можат да го користат и жените со најсветол тен без притоа да се плашат дека ќе имаат изразени разлики во нијансите.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име