Дали маскарата е вашиот најдобар пријател?
Маскарата навистина е најдобриот козметички пријател на повеќето жени. Дури и ако малку се шминкате, во вашиот козметички несесер мора да има маскара, бидејќи тоа гарантира дека ќе остави незаборавен впечаток на секој кој го фаќа вашиот заводлив поглед.
Она што одговара на вашата пријателка не мора да одговара и за вас!
Парфимериите се преполни со многу различни маскари, но жените најчесто не знаат која маскара е вистинскиот избор.
За издолжување на трепките, за волумен, водоотпорни, долготрајни, оние што не создаваат грутки…
А изборот на четка? Силиконска, природна, двострана, вртливата, обична…
Сега гледате дека изборот воопшто не е лесен, но не грижете се, ќе го направам изборот за вас!
За да се нагласи целосната убавина на вашите очи, мора да ја изберете онаа вистинската. Но за да ја изберете вистинската, треба да знаете какви се вашите трепки. Ако некоја маскарата е добра за вашата пријателка, тоа не мора да значи дека таа е добра и за вас!
Каков вид на маскара ви е потребен?
Водоотпорна маскара – со неа можете да пливате, да плачете, но само од среќа, да потете, без страв дека таа ќе се размачка низ вашето лице и ќе се создадат дамки под очите кои личат на подочњаци. Добра причина оваа маскара да биде една од најпосакуваните.
Маскара за волумен – има густа четка и безброј влакна и така таа ќе ги нагласи сите трепки на вашето око. Жените кои имаат долги, но ретки трепки не можат да замислат ден без неа.
Маскара за издолжување на трепките – ако имате кратки, но густи трепки оваа маскара ќе ги направи визуелно да изгледаат многу подолги.
Маскара за виткање на трепките – нивната четка е во форма на полумесечина и навистина прави чуда кога ќе се користи правилно.
Четките прават чуда?
Различни форми и материјали од кои се направени четките создаваат различни ефекти врз трепките.
Тенка четка – најдобра за мали и прави трепки.
Четка во форма на песочен часовник – благодарение на неа, трепките добиваат драматичен изглед. Четката ги подигнува и ги прави да изгледаат густо.
Четка во форма на шпиц – многу прецизна четка, совршено ќе ги оддели и ќе ги издолжи трепките.
Спирална четка – жени со екстремно кратки трепки ќе ја обожаваат!
Четка со топка на врвот – идеална е ако сакате да се фокусирате на една област на трепките.
Заоблена четка – најдобра за волумен, особено во комбинација со виткач на трепки.
Дебела и густа четка – дури и најтенките и ретки трепки ќе изгледаат густо.
Четка во форма на чешел – дава волумен и продолжување на трепките, посебно е многу препорачлива за кратки трепки.
Силиконска – гумена четка – се користи за расчешлување и одвојување на трепките. Погодна за примена на екстремно тенки долни трепки. Одлична е за нанесување на брзина!
Конечно, маскарата сигурно е вашиот најдобар пријател, но и љубов за цел живот!