Колекцијата Polo Red на Ralph Lauren доби нов парфем – Polo Red Parfum – интензивно ароматичен мирис со харизматична длабочина.
Најновиот парфем ветува интензитет со ДНК трага на црвената Polo колекција на мириси. Линијата која опфаќа самодоверба и заведување, започна со првиот мирис Polo Red во 2013 година, по што следеа Polo Red Intense, Polo Red Extreme, Polo Red Rush, Polo Red Remix и Polo Red Eau de Parfum.
Polo Red Parfum го следи трендот на парфемски изданија за мажи кои се нудат во последните неколку години.
Откријте каде заведувањето се среќава со софистицираноста! Патувањето започнува!
Преголемата доза на апсинт опива, додека раскошниот ирис го омекнува завршетокот. Класичната мажественост на кедровото дрво го завршува патувањето со заводлива грубост.
Силниот мирис е инспириран од најпребирливите живеалишта на природата, каде што преживуваат само најдобрите. Енергичниот мирис е погоден за бестрашен маж кој секогаш е подготвен за нови искуства. Ова е мирис за мажот кој го прифаќа неочекуваното.
View this post on Instagram
Самодоверба, сензуалност, интензитет!
Отворањето е енергично, исто како кај претходните изданија на линијата. Цитрусната мешавина од бергамот и црвен портокал нуди голема доза на свежина, поддржана од зачинетите и живописни ноти на розовиот бибер. Динамичниот почеток го следат клучните ноти на композицијата – апсинт и ирис, смирени од нежната прегратка на лавандата. Основата ја поддржува мешавината со дрвенеста, топла, мошусна трага.
Ralph Lauren Polo Red Parfum е достапен во шишиња од 40, 75 и 125 мл.