- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секој мејкап артист има свои навики и трикови од кои никогаш не отстапува, а ние едвај чекаме да ги дознаеме. Кога има нови чекори кои го поедностават процесот на шминкање и можат да го  направат поефикасен, веднаш посакуваме да дознаеме што повеќе.

Ви претставувам едноставен начин како да постигнете младешки изглед!

Во одреден момент од животот, без разлика каков е обликот на вашите очи, очните капаци ќе почнат да „паѓаат“ и да ја губат еластичноста. Како што минува времето, организмот полека престанува да произведува колаген, кожата ја губи еластичноста, а ткивото околу очите ја губи структурата. Поради тоа се формираат темни кругови и очните капаци почнуваат да „паѓаат“. Кожата околу очите е најтенкиот и најкревкиот дел од лицето, а овие промени веројатно ќе ги забележите пред другите.

Едно од решенијата како очните капаци да останат затегнати е да одите на третмани. Сепак, шминката нуди многу побрзи решенија, особено ако имате важен настан и треба итно да ги преземете работите во свои раце.

Шминката секако е многу посакувана, бидејќи е трансформативна. Тоа особено важи за пределот околу очите. Со само неколку потези на сенката, моливот или тушот, уморните очи ќе станат свежи.

makeup products

- Реклама -

Затоа, ви претставувам техники кои ги препорачуваат професионалните шминкери. Еве ги сите начини со кои можете да постигнете младешки изглед и визуелно да ги подигнете очите:

Искористете ги сите предности на сенката!

Ќе се изненадите што можете да направите со малку сенка. Во оние денови кога не сакате да се шминкате, само малку сенка може да обезбеди доволно контраст да ги направи вашите капаци да се истакнат онака како што одговара на вашето лице. Користете природна мат сенка за очи и мека четка. Нанесете на центарот на очниот капак и со четката размачкајте напред-назад, не повеќе од 6 милиметри. За да постигнете очните капаци да изгледаат подигнати, додадете малку повеќе сенка во делот што се протега од надворешниот агол на окото. На овој начин создавате мини-крило во надворешниот агол на окото без молив. Вашите очи ќе изгледаат природно подигнати со минимален напор.

Ако повеќе сакате да користите крем производи, испробајте го истиот трик, но со стик за контурирање. Најдете производ кој има нежна текстура за да не ја оштетите кожата.

искористете ги сите предности на сенката за очи за подигнување на очните капаци

Поиграјте со сјајни сенки и користете бои!

Младешки изглед можете да постигнете ако нанесете сјајна сенка со светол тон во комбинација со молив во внатрешниот агол на окото. Препорака е бледо сина нијанса што дава блескав впечаток. Кога тој внатрешен дел од окото е нагласен со сјајна сенка, очите се поотворени и подигнати, оставајќи впечаток на будност и свежост.

Бледо синиот молив може да создаде добар контраст ако го нанесете на рабовите на капаците, каде што се нанесува тушот за очи, бидејќи очите ќе изгледаат посветли. Посветлите нијанси секогаш ја истакнуваат областа на која се наоѓаат, додека потемните создаваат сенка. Користете посветли, светкави нијанси на местата каде што сакате вашите очи да изгледаат поотворени. Потемни нијанси кога сакате визуелно да ги намалите или да ја промените нивната форма.

поиграјте со сјајни сенки и користете бои за подигнување на очните капаци

Најдете ја совршената линија!

Кога за време на шминкањето нанесувате молив или туш за очи, обидете се да ја пронајдете совршената дебелина на линијата. Ако е премногу широка или изгледа пренападно, очните капаци ќе изгледаат како да се целосно спуштени. Многу е важно да запомните дека иста дебелина на туш за очи на секој дел од окото не е добра идеја. Започнете од надворешниот агол, а потоа свртете ја четката за да ја направите линијата потенка додека се движите кон внатрешниот дел од окото.

Мало потсетување! Потемните нијанси визуелно ќе го намалат и „задушат“ изгледот на очите, затоа избегнувајте да исцртувате дебела линија сè до внатрешните агли на очите. Можете да нанесете тенка линија низ целото око, а подоцна да нанесете подебела линија каде што е потребно.

најдете ја совршената линија за подигнување на очните капаци