- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Dr.Hauschka Regenerating Day Cream

Дали знаевте дека познатиот козметички бренд Dr.Hauschka неодамна прослави импресивни 50 години од постоењето на светската сцена за убавина?

Дури и ако не сте свесни за овој факт, верувам дека во вашиот козметички несесер барем еднаш се имаат најдено козметичките производи на Dr.Hauschka и многу е веројатно дека денес сте голем љубител на оваа природна козметика, која со годините на постоење и покрај раѓањето на голем број други брендови и бјути трендови, сепак успеа да остане автентична и бескомпромисно природна! Поради тоа брендот Dr.Hauschka не привлекува со своите природни производи, обезбедувајќи највисок можен процент на природни состојки, но во исто време избегнувајќи употреба на силикони, полиетилен гликол (PEG), синтетички конзерванси и бои, но и мириси кои во изобилство се застапени во другата условно кажано „мејнстрим“ козметика.

Освен сертифицираната природност, потврдена од здруженијата за заштита и промоција на природната козметика во светот, брендот Dr.Hauschka е посебен поради фактот што нејзините производи кои го носат најдоброто од природата, истовремено ја поттикнуваат сопствената регенеративна моќ на кожата. Се уверив во овие тврдења со еден производ наречен Regenerating Day Cream кој имав можност да го тестирам две недели за да ви пренесам како делува.

- Реклама -

Како Regenerating Day Cream ја поттикнува кожата да се регенерира со своите сопствени сили?

Како што старееме, природните процеси за обновување на кожата почнуваат да се забавуваат и кожата ја губи еластичноста. Regenerating Day Cream ги поттикнува природните процеси на обновување на кожата и помога да се минимизира појавата на фини линии и брчки, правејќи баланс на количината на влага во кожата, за таа да се чувствува мазна, мека, цврста и еластична. Кожата изгледа витално, подмладено и со здрав сјај!

Dr.Hauschka оваа крема ја приклучува кон нивниот постоечки Regenerating асортиман и ја промовира како крем кој ја стимулира кожата да се регенерира со своите сопствени сили, давајќи му на лицето потребна свежина и сјај. Моќниот коктел од природни состојки кои ја стимулираат регенерацијата на клетките на кожата содржи растителни екстракти од црвена детелина, bryophyllum и коњска опашка, но и масло од авокадо и маслинки.

За кого е наменета и како делува?

Regenerating Day Cream е наменета за комплексна и зрела кожа, на која и обезбедува интензивна нега.

Со секоја употреба видливо ја измазнува кожата, го освежува изгледот на кожата. Таа помага во намалувањето на појавата на фини линии и брчки, давајќи на кожата помазен и посветол изглед.

Впечатоци од Dr.Hauschka производот!

Првата средба со овој крем уште еднаш ме потсети зошто ги сакам Dr.Hauschka производите. Елегантна бела туба со сребрени акценти е додаток во бањата кој со задоволство го истакнувам напред на полицата. Пакувањето содржи 40 милилитри производ и е димензионирано доволно дискретно за да го носам со мене, дури и на патување со авион.

Тубата има минијатурен отвор кој овозможува да нанесам количина на крем колку сакам и колку треба за да ја покријам кожата на лицето и вратот. Со ваквата можност за дозирање, успешно се избегнува досадното неконтролирано истекување на производот.

Бидејќи тоа е дневна крема, ја употребував во утринската рутина за убавина. Првите чекори се задолжителни, односно чистење и тонирање на лицето, како подготовка за нанесување на Regenerating Day Cream од Dr.Hauschka.

Пред овој крем може да нанесете од вашиот омилен серум, но за оптимални резултати најдобро е да се користи Dr.Hauschka серумот од истата козметичка линија. Кај мене овој начин на користење на кремот се покажа како идеална подлога за секој ден, бидејќи таа на лицето му даде благ сјај за кој сите ние сонуваме кога зборуваме за убава и негувана кожа. Исто така постои чувство на удобност, а тоа особено ќе го ценат оние дами со зрела кожа.

Regenerating Day Cream многу лесно се размачкува и апсорбира, тоа е она што многу ми се допадна, бидејќи веднаш можев да продолжам со шминкање и други секојдневни активности.

Не можам да не го спомнам специфичниот мирис кој го има Dr.Hauschka кремата, кој без сомнение ги инспирираше природните билни состојки во формулата. На почетокот малку интензивен, мирисот на кожата со текот на времето слабее и остава пристоен мирисен траг.

Кремот е дерматолошки тестирани за чувствителна кожа и ослободен е од минерални масла, силикони и PEG, како и вештачки мириси, бои и конзерванси.

Заклучок!

Освен што ме освои со сите карактеристични барања кои ги посакувам од совршените дневни креми за лице, Dr.Hauschka Regenerating Day Cream исто така успеа да ја потврди својата теза дека ја подмладува кожата и овозможува на новите млади клетки од кожата да дојдат до израз. По две недели од употребата, кожата е визуелно обновена, а нејзината текстура значително е подобрена. Тенот на кожата делува измазнет, а кожата помека, додека самата кожа сјае со здрав сјај. Барате за вашата зрела кожа нешто што ќе ја разбуди и ќе направи да изгледа поживо и помладо, не пропуштајте да ја пробате Dr.Hauschka дневната регенеративна крема, која може да се набави во сите подобро снабдени аптеки.