- Реклама -

Црвениот кармин секогаш е добра идеја. Често го споредувам носењето на црвен кармин со сонце што сјае, зрачејки од мене, додава полет на мојот чекор.

Гламурозен изглед – црвени усни!

Најдобриот начин да се создаде гламурозен изглед се црвените усни. Многу жени се плашат да експериментираат со црвената боја, но за среќа постојат нијанси на црвената боја за секоја жена, само треба да се пронајде.

Нејзините црвени усни се синоним за гламур!

Се сеќавам на нејзините црвени усни што останаа запаметени до денес и се синоним за гламур на незаборавната Marilyn Monroe која беше инспирација на Max Factor да создаде колекција од четири Marilyn Monroe црвени кармини.

Max Factor навистина е посветен секоја жена да се чувствува самоуверено и гламурозно со својот изглед. Max Factor ја препознава црвената боја како симбол на сила, мотивација и страст, совршена комбинација за моќните и гламурозни жени.

Мојот сон се оствари!

Мојот сон се оствари, сега сум во можност да ги трансформирам усните со црвените нијанси инспирирани од Marilyn Monroe. Постојат четири нијанси, така што секоја жена може да најде соодветна мелодија за себе.

- Реклама -

Дизајнот на карминот навистина ме собори, морам да кажам. Мислам дека црвеното пакување со втиснати златни букви, логото на брендот Max Factor изгледа навистина одлично.

Бојата содржи микро пигменти кои овозможуваат зголемување на рефлексијата и поголема впечатливост. Max Factor ja користи нивната испробана Eliksir формула за да дадат мазна и удобна завршница на карминот кој е збогатена со масла и путер од авокадо и ги заштитува усните од сушење. Мирисот е пријатно овошен збогатен со свежи цитрусни ноти и сензационални ванила тонови.

Marilyn Ruby Red нијанса инспирирана од Marilyn!

Лично ги сакам црвените кармини и многу ја носам класичната црвена боја на усните. Од понудените четири прекрасни нијанси, мојот избор е Marilyn Ruby Red, нијанса инспирирана од Marilyn. Оргиналната нијанса која ја обожаваше Marilyn, исконската вистинска црвена инспирирана од нејзините усни. Нијансата е совршен избор за црнокосите и блондинките и одговара на сите тонови на кожата. Формулата навистина е пријатна и многу мека, затоа карминот лета преку усните и не ви е потребна четка за усни. Не остава траги како други кармини, останува таму каде што сте го нанеле, на усните. Пред нанесување на карминот обавезно прво ги исцртувам усните со молив за усни. Карминот изгледа полу-мат сам по себе, но кога ќе дојде во допир со светлината, навистина почнува да сјае. Долготрајноста на карминот прилично е добра, кога го носам на себе потребно е речиси три часа за повторно да го обновам, ако не консумирам храна и пијалаци во меѓувреме.

Кармини наменети за различни тонови на кожата на лицето!

Колекцијата Marilyn покрај оригиналната нијанса Ruby Red содржи уште три кармини наменети за различни тонови на кожата на лицето.

Marilyn Sunset Red, совршена за средни тонови на кожата. Оваа прекрасна црвена боја со длабок портокалов допир совршено одговара на кожата.

Marilyn Berry, оваа црвена нијанса најмногу одговара на жените со светол тен на кожа. Црвената со розови акценти ќе ја изедначи главно бледата кожа.

Marilyn Cabernet, идеално вино црвена боја со пурпурни тонови. Совршена за жените со темен тен на кожа.

Marilyn Monroe глобален гламурозен амбасадор!

Max Factor со промоцијата на Marilyn Monroe како глобален гламурозен амбасадор, посакува ова возбудливо партнерство да ги инспирира жените од целиот свет да се подложат на сопствената лична гламурозна трансформација, онаа што никогаш не замислувале дека е можно.

- Реклама -