- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Италијанската модна куќа Gucci го претстави парфемот Gucci Bloom, мирис создаден по насоки на креативен директор Alessandro Michele.

Ретро парфем! Gucci Bloom

Alessandro одлучи да се освежи Gucci линијата со две необични изданија, како за брендот така и за целата мирисна линија на Gucci. Големиот чекор напред се направи со машкиот парфем Gucci Guilty Absolut, а потоа со ретро парфемот Gucci Bloom.

Градина полна со разновидни цвеќиња и богат мирис кој се шири!

Gucci Bloom е необичен цветен мирис, зад чија композиција се потпиша парфимеристот Alberto Morillas, со креативни насоки од Alessandro Michele. Креативниот директор го претставува мирисот како расцветана градина полна со разновидни цвеќиња и богатиот мирис кој се шири од нив.

- Реклама -

Белите цвеќиња како што се туберозата и природниот самбак јасмин, се помешани со дрвенестите ноти на корен од ирис и ноти од кинеската билка орлови нокти, како и рангун ползавец со црвени цветови, растение кое расте во Индија, кое за прв пат се употребува во составот на еден парфем.

Dakota Johnson, заштитно лице на кампањата!

Заштитно лице на кампањата се актерката Dakota Johnson, заедно со уметницата Petra Collins и манекенката Hari Nef. Кампањата ја изработи Glen Luchford.

Шишенце кое претставува хербариум!

Шишенцето со квадратна форма, обоено во винтиџ розева нијанса, а на него во црна рамка името на брендот Gucci. Принтот на кутијата одвнатре и однадвор претставува хербариум, црни рабови и црвено-бел принт со листови, гранчиња и цветови од цреша.

Мирисот е достапен како парфем во 30, 50 и 100мл.