- Реклама -

Многу девојки сеуште ги немаат откриено сите придобивки што ги нуди еден прајмер. Јас навистина станав зависна од употребата на прајмерот, така што не можам да замислам мејкап изглед без него.

Прајмерот како мејкап алатка е извонреден производ, но мора да си признаеме дека повеќето девојки не се добро информирани за предностите кои ги нуди прајмерот.

Velvet Touch – Кадифен допир!

Јас не сум голем обожавател на силиконски прајмери, но она што ме натера да го пробам прајмерот на мејкап брендот Gosh беше тврдењето на производителот за “Velvet Touch” или кадифен допир. 

Создава мат и уникатна свиленкаста мека површина!

Gosh го декларира производот како безбојна формула која ги пополнува фините линии и длабоките пори на кожата, создавајќи мат и уникатна свиленкаста мека површина, овозможувајќи лесна и мазна примена на течната пудра.

За овој прајмер се тврди дека е прилично ефикасен, но исто така во мејкап круговите се вели дека тој е совршена база за секоја шминка!. Ајде да видиме!

- Реклама -

Пумпицата ја дава вистинската количина на прајмерот!

Амбалажата на прајмерот е прилично едноставна, лесна за употреба, а пумпицата ја дава вистинската количина на производот. Gosh, исто така тврди дека шишенцето е со непропустлив контејнер, со плоча на дното од внатрешноста на шишенцето што го турка производот до крај. Тоа значи дека ќе ја добиете секоја капка од прајмерот.

Убаво е да се знае дека прајмерот од Gosh е лишен од еден тон штетни состојки, но сепак треба се користи со претпазливост, особено ако мислите дека имате осетлива кожа.

Без мирис и се чувствува многу лесно!

Прајмерот е сосема без мирис и се чувствува многу лесно на кожата и нема да почувствувате дека еден слој на силикон ќе ја блокира вашата кожа. При нанесување не треба голема количина за целото лице, бидејќи гелот е конзистентен и подеднакво се размачкува.

Чувството за кадифен допир е вистинско!

Ветувањето на производителот за “Velvet Touch” – кадифен допир е вистинско. Откако ја прекрив мојата кожа со прајмерот, лицето го чувствував прекрасно, мазно и не можев да престанам да го допирам! И поради таа мазност, мојата течна пудра лизгаше подобро и изгледаше прекрасно дури и без голем напор при нанесувањето дури и со минимално блендирање. Забележав дека прајмерот ги намалува сите нерамнини на лицето со ставање превез врз нив.

Течната пудра изгледа беспрекорно!

GOSH Velvet Touch Foundation Primer е мало откритие. Овој безбоен гел лесно се нанесува на кожата за да обезбеди прекрасна мазна кожа со кадифен финиш. Создава совршена основа за сите мејкап производи, а течната пудра изгледа беспрекорно кога се нанесува преку прајмерот. За мене, една од најважните функции е да ја направи течната пудра да трае подолго, овој прајмер го прави токму тоа. Можам да кажам дека скоро цел ден мојата шминка изгледа исто толку свежа како што изгледаше наутро. Може да се користи со дневен крем или на чиста кожа.

GOSH Velvet Touch добива екстра поени за неговата способност да ги пополни фините линии, но секако ова не е чудотворен лек, линиите на лицето се помалку видливи, но нивниот изглед секако е намален.

Ова е одличен прајмер!

- Реклама -