- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Темни дамки и сјај! Essence All About Matt

Го обожавам сонцето, но постојат две работи кои доаѓаат со сонцето во врска со мојата кожа на лицето. Темни дамки и сјај. Го кријам лицето зад моќното средство за заштита од сонце, но темните дамки секогаш се појавуваат, без оглед на огромната сума на пари што ги трошам за третмани против црни дамки. Губење пари, ви велам. Но, ајде да продолжиме затоа што имам еден добар предлог за вас, особено за жените кои го читаат ова и имаат потреба од контролирање на нивната сјајна кожа на лицето.

Транспарентна пудра што ќе го реши проблемот со сјајот без додавање на боја!

Мојот секојдневен ритуал за кожата на лицето е составен од листа на производи, секој од нив има своја функција. По навлажнувачкиот гел крем, го нанесувам мојот крем за сонце. После изложеноста на сонце ставам BB или CC крем за да се покријат моите темни дамки. По сево ова, иако мојата кожа не е мрсна, од нанесениот третман кожата станува премногу сјајна. Значи, морам да го матирам лицето. Порано користев компактна пудра во бои и тоа ми помагаше да ги прикријам црните дамки, но почнав да сфаќам дека тоа е премногу и не сакам луѓето да ја видат мојата шминка наместо моето лице. Па решив дека треба да пробам транспарентна пудра што ќе го реши проблемот со сјајот без додавање на боја.

Essence All About Matt компактна пудра! Се покажа дека тоа е одличен производ!

Брендот Essence е добар бренд со многу прифатливи цени, па затоа ја пробав компакнтана пудра All About Matt. Производот на прв поглед не ветуваше многу, но не се обесхрабрив од скромниот изглед. Се покажа дека тоа е одличен производ!

- Реклама -

Може да изгледа бело кога ќе ја аплицирате, но веднаш штом ќе го допре лицето, станува проѕирна и ви дава инстант осветленост!

Пред сè, морам да кажам дека оние од вас кои имаат сува кожа треба да изберат друг производ. Транспарентната компактна пудра има талк и може да предизвика дополнителна сувост на кожата. Но, бидејќи мојата кожа е нормална до комбинирана, ова функционира на моето лице. Essence All About Matt Fixing компактната пудра е совршена бидејќи е транспарентна. Може да изгледа бело кога ќе ја аплицирате, но веднаш штом ќе го допре лицето, станува проѕирна и ви дава инстант осветленост. Кожата станува посветла и нема да се примети дека носите пудра. Можете дури да ставите повеќе пудра ако имате нерамна кожа, но верувајте пудрата веднаш ќе го измазни лицето. Значи, се добива екстра светлина без сјај и тоа е она што го сакате од компактната пудра. Нема да изгледа како да имате многу шминка и ќе ги решите проблемите со сјајот на лицето, особено ако имате мрсна кожа. Не плашете се и пробајте го ова. Девојки можете дури и да ја нанесете компактната пудра преку вашата шминка, бидејќи нема да ги покрие боите на вашата шминка.

Сè на сè, овој производ го прави токму она за што е деклариран:

“Исклучително мазен фиксирачки компактен пудер за мат и природен изглед за цел ден. Помага да се вклопат боите на руменилото и течната пудра заедно. Ја фиксира шминка кога се применува како пудра за финиш. За сите нијанси на кожа.”