- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Roberto Cavalli го претстави Florence Blossom, мирис кој припаѓа на колекцијата Florence во која спаѓаат првенецот Florence лансиран кон крајот на 2017 година и Florence Amber од почетокот на 2019 година. Новиот Florence Blossom во парфимериите ќе се појави од јануари 2020 година.

Го слави природниот сјај на жените од градот Фиренца!

Florence Blossom го слави природниот сјај на жените од градот Фиренца. Ветува современа, цветно-овошна мирисна композиција, инспирирана од градините во Тоскана. Мирисот е создаден за слободни жени кои имаат автентична привлечност.

Инфузија на рози!

Мирисните ноти со кои се отвора парфемот се живописни и свежи, овошни и цитрусни. Инфузија на рози, добиена со уникатен процес на мацерација, инспириран од традиционалното производство на парфеми, сместена е во срцето на композицијата заедно со бели цвеќиња, поставени на основа на пачули, сандалово дрво и ирис во комбинација со амброкс.

- Реклама -

Традиционална италијанска изработка на стакленото шишенце!

Декорирано со карактеристична цветна шема, стакленото шише потсетува на традиционалната италијанска изработка на стакло. Новата розова боја на мирисот и елегантниот златен ѓердан ја отсликуваат женственоста и гламурот на брендот Roberto Cavalli.

Roberto Cavalli Florence Blossom е достапен во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum.