- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако мислите дека тајната за совршен изглед на славните личности се крие во Фотошоп и Инстаграм филтрите, не сте во право. Клучот е во моќната техника со која лицето изгледа мазно и зрачи – скоро како порцелан без никакви недостатоци! Baking мејкап техниката е она што ја прави разликата помеѓу аматерската и професионалната шминка и затоа не е изненадување што повторно стана хитовски тренд кај мејкап уметниците и инфлуенсерите.

Покрај што го измазнува, го изедначува тенот, ја фиксира шминката и ја прави постојана со часови оваа техника има за цел да го матира и „испегла“ лицето.

Baking техниката исклучиво се нанесува на оние „критични“ делови од кои сакаме да го апсорбираме вишокот на маснотии и кои дополнително сакаме да ги осветлиме – пределот под очите, под контурите на образите, на брадата или на носот, но никогаш не на целото лице!

- Реклама -

Чекор пред: Крем за очи!

Бидејќи мејкап производите за baking техниката најмногу се нанесуваат во пределот околу очите, неопходно е добро да се хидрира оваа област со богат антирид, така што тенката и чувствителна кожа околу очите нема да се исуши од големата количина на шминка. Кремот ќе ги пополни сите оние фини линии, а кожата ќе ја добие потребната влага, така што коректорот нема да изгледа „тешко“ на очите. Единствено важно е да ја оставите кремата добро да се апсорбира.

Чекор 1: Течна пудра!

Иако коректорот и транспарентната пудра се главни мејкап производи за креирање на оваа техника, не заборавајте пред нив да нанесете течна пудра, со што ќе се формира еден вид на основа и на тој начин ќе го изедначите тенот. Мала количина нанесете на врвовите на образите, челото и брадата, а потоа сè добро изблендирајте со помош на влажен бјути блендер.

Чекор 2: Коректор!

Отстранете ги трагите од замор и покријте го пределот под очите со течен коректор, така што со коректорот „исцртајте“ точки во форма на превртен триаголник под очите (од внатрешните агли до врвовите на образите). Користете коректор кој е за нијанса или две посветол од вашиот тен или пудра, а потоа изблендирајте.

Чекор 3: Пудра во прав!

Буквалниот превод на baking од англиски значи „печење“, што е многу логично име за процесот во кој транспарентната пудра делува како „покривка“ (кога со фолија ги покривате слоевите на лазањи за јадењето да го направите сочно и поубаво за око).

Значи, користете бјути блендер за да натапкате подебел слој на транспарентна пудра на критичните точки и оставете да „делува“ 10-15 минути. Покрај тоа што ќе ги апсорбира вишокот маснотии под дејство на топлината која ја ослободува кожата ќе постигнете топењето на пудрата и коректорот што ќе резултира во беспрекорно блескав и мазен тен, но и исклучителна издржливост на шминката. На крајот сè што останува е да го отстранете вишокот на пудра со голема пуфнеста четка (со лесни движења) и да ја завршите шминката на вообичаен начин.

За пудрата!

Проѕирна или транспарентна пудра се користи за фиксирање, а не за покривање. Таа го контролира сјајот и го матира лицето, ја апсорбира влагата од течната пудра и бидејќи е проѕирна, не ја менува бојата на тенот.

Мала, но важна напомена!

Овој метод не се препорачува за лица со сува и зрела кожа, бидејќи дополнително ја нагласува сувоста и брчките, а поради многуте слоеви не е препорачлива за секојдневно користење.