Хијалуронска киселина е најпосакувана состојка за хидрирање на кожата и тоа не е без причина – оваа супер херојска состојка прави чуда на сите типови на кожа! По состав е шеќер кој се наоѓа во човечкото тело, а придобивките од хијалуронската киселина се повеќекратни. Сепак, веројатно некои факти за хијалуронската киселина не ги знаете, затоа за вас ќе ги откријам!
Хијалуронска киселина: 8 факти кои сигурно не ви се познати!
#1 Хијалуронската киселина всушност не е киселина!
И покрај нејзиното име, хијалуронската киселина по својот состав е врста на шеќер, што природно се наоѓа во клетките, особено во деловите од телото кои бараат подмачкување и постојана хидратација – зглобовите, очите, кожата. Нашето тело содржи околу 15 грама хијалуронска киселина, а нејзината количина се намалува со стареењето.
#2 Привлекува дури 1000 пати повеќе вода од својата тежина!
Хијалуронската киселина работи како магнет – таа има способност да привлече вода до 1000 пати повеќе од сопствената тежина. Тоа значи дека еден грам хијалурон може да задржи околу 5,5 литри вода! На овој начин хијалуронската киселина им помага на клетките на кожата да ја регулираат влагата за да не се исушат.
#3 Нивото на хијалурон се намалува како што старееме!
За жал, природното ниво на хијалуронска киселина во кожата, зглобовите, па дури и очите природно се намалува како што старееме, но исто така и поради загадувањето од надворешната средина. Затоа важно е да го надоместите со производи за нега на кожа врз база на хијалурон – со серуми, маски, креми… Постојат дури и суплементи со хијалурон кои помагаат да се подмачкат зглобовите!
#4 Се нанесува на влажна кожа!
Можеби не сте го знаеле ова, но козметичкиот производ базиран на хијалурон за да „работи“ – мора да го нанесете на влажна кожа. Не заборавајте дека хијалуронот има потреба од вода, да ја врзе за себе и да привлече во кожата. Затоа, неопходно е вашата кожа да ја напрскате со термална вода, обична вода или тоник и на така навлажнета кожа да нанесете хијалуронски серум, на пример.
#5 Може да ја исушите кожата ако хијалуронот го нанесувате на суво!
Во врска со претходното – доколку нанесувате хијалуронски производот на сува кожа на лицето, ќе го постигнете следниов ефект – хијалуронската киселина мора да се поврзи со вода, а бидејќи на кожата не постои влага, хијалуронот ќе ја повлече водата од кожата и на тој начин ќе ја дехидрира! Затоа се постигнува контраефект – хијалуронот всушност ја извлекува влагата од кожата ако се нанесува на сува кожа, која претходно не е навлажнета.
#6 Хијалуронот мора да го „заклучите“ со крем!
Хијалуронските производи за да бидат поефикасни често се во комбинација со навлажнувачи и вода, што значи дека кожата ќе добие вода, но исто така хијалуронската киселина брзо ќе испари. Затоа, ако сакате да ја „фатите“ во кожата, нанесете производ одозгора, кој ќе го чува хијалуронот внатре во кожата – креми, есенции, масла.
#7 Доаѓа во разни големини!
Синџирот на молекули на хијалуронската киселина е доста голем, така што во својата оригинална форма успеваат да го хидрираат само горниот слој на кожата. За среќа, хемичарите најдоа начин да ги „намалат“ молекулите на хијалуронската киселина, така што ќе можат да продрат подлабоко и да ја „напумпаат“ кожата со вода, состојката што е најпотребна.
Резултатот е соединение со ниска молекуларна маса наречено натриум хиалуронат (sodium hyaluronate), кое може да се најде во листата на состојки на квалитетни производи за хијалуронска нега.
#8 Се наоѓа во вашата храна!
Некои намирници се природно богати со високо ниво на хијалуронска киселина. Тоа се: говедското месо, јагнешкото месо и пилешкото. Од друга страна намирниците кои се богати со магнезиум, како што се бананите, јаболката, авокадото како и намирниците кои се богати со витамин Ц помогаат во синтетизирање на хијалуронска киселина во телото.