- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали мислите дека периодот околу празниците е добро време за да експериментирате со nail-art на ноктите? Од минималистички дизајн, до гламурозни шари, за секоја девојка постои совршен празничен маникир. Ви нудам 7 идеи за празничен маникир што ќе им се допаднат на сите!

Најдобри суптилни идеи за празничен маникир: Топ 7

#1 Омбре светки!

Исто како шампањ, овој допир на блескав омбре е едноставен, но многу ефектен. Идеален е ако не ви се допаѓа претеран дизајн или црвена боја на ноктите, бидејќи златните светки јасно укажуваат на празничната сезона. За идеален омбре ефект, користете сунѓер на кој ќе нанесете лак со златни светки и тапкајте на ноктите! Слој од сјаен top coat е задолжителен!

#2 Nude + candy cane!

Украсете го вашиот nude маникир со дискретни шеќерни стапчиња, насликани накосо на секој нокт. Ова е многу суптилен начин да ја одбележите сезоната на празници на многу софистициран начин.

- Реклама -

#3 Нијанса на слива + златни снегулки!

Богатата нијанса на слива е празнична, исто како црвената, зелената, сината и сребрената, но сè уште не асоцира на празничната сезона. Затоа, украсете ја со златни снегулки, кои можете да ги насликате со прецизна nail-art четка за нокти или едноставно покажете го овој дизајн на вашиот nail-art уметник – тој ќе знае што треба!

#4 Новогодишни лампиони на ноктите!

Дали постои подобра nail-art идеја што е повеќе празнична од оваа? Комбинација на светки и повеќе слоеви во форма на новогодишен лампион, на основа од транспарентен лак со дискретно насликан конец го прави овој лампион многу реалистичен! Подгответе се за море од комплименти со овој маникир.

#5 Суптилни светкави туфни!

Не мора да го покривате целиот нокт со светки за да се придружите на празничното расположение. Врз основа на проѕирен лак, нацртајте неколку разнобојни светкави туфни, а ако сакате празничен изглед, нека бидат исцртани во црвена-зелена-златна комбинација.

#6 Светкав црвен маникир!

Црвениот светкав лак е олицетворение на празничниот маникир, но ако пронајдете нијанса иста како чевлите на Дороти од Оз – ќе постигнете полн погодок! Ова е најкласична празнична варијанта што изгледа одлично во комбинација со златен накит!

#7 Светкав минимализам!

Металик златен лак, нанесен на горната половина од ноктите, сјае уште посилно особено кога се комбинира со тенка бела линија за дополнителен контраст.