- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Boss Ma Vie L’eau нов мирис кој ја слави уникатноста на жените!

Boss Parfums го претстави Boss Ma Vie L’eau, свеж и блескав мирис дизајниран да ги инспирира жените да ја препознаат и да ја прифатат нивната уникатност. Новата блескава тоалетна вода ги охрабрува жените да си дозволат да заблеска нивната внатрешна светлина.

Силата на жената и нејзината смисла за независност!

Со воодушевувачка комбинација од блескави и весели ноти, Boss Ma Vie L’eau мирисот е изграден околу култниот цвет од кактус. Оваа состојка, која исто така е вклучена и во оригиналниот Ma Vie мирис, е избрана со цел да ја претстави силата на жената и нејзината смисла за независност.

- Реклама -

Композиција за жена која зрачи со самодоверба!

Горните ноти во себе содржат водни акорди, нудат пријатен и динамичен леден цветен ефект.

Нотите во срцевината се развиваат како блескав цветен букет. Раскошната бела магнолија заедно со белиот божур и нежната роза, нежно ги помешуваат нивните зелени, транспарентни ноти во една инспиративна самоуверена композиција за жена која зрачи со самодоверба.

Деликатно балансираната срцевина на мирисот е комплементирана со сензуалноста на основата, каде топлите и елегантни ноти на кедар се засилени со ноти на бел мошус.

Транспарентно шишенце низ кое зрачи сјајот на Boss жената!

Претставен во прекрасно, транспарентно шишенце низ кое зрачи сјајот на Boss жената,  пријатниот цветен идентитет на мирисот е рефлектиран во розовиот џус. Кристалното капаче додава елегантен допир кој ја слави уникатноста на жената.