Шишенца во облик на усни во три бои – розова, црвена и нуд! Kylie Jenner by KKW Fragrance

Kim Kardashian и Kylie Jenner ќе ја претстават колекцијата на мириси на брендот Kim Kardashian KKW Fragrance на 23 август 2019 година. Новите мириси ќе бидат достапни во шишенца во облик на усни во три бои: розова, црвена и нуд. Kylie досега има претставено колекција на облека заедно со нејзината сестра – „Kendall & Kylie“, а потоа ја промовираше својата колекција на шминка Kylie Lip Kits која ја преименува во Kylie Cosmetics. Во март 2019 година, магазинот „Forbs“ ја прогласи за најмлада милијардерка во светот.

Kylie Jenner by KKW Fragrance Red Lips

Мирисната креација на новиот мирис Red Lips нуди опоен цветен букет кој ги одразува црвените секси усни, мирис кој е динамизиран со интензивни и сочни ноти на црвен портокал. Во отворањето на мирисната композиција доминираат црвен портокал и црвен лотос кои со своите бујни и енергични ароми ги доведуваат до израз црвената гарденија и егзотичниот ylang. Со своите сензуални и топли нијанси, килибарот се комбинира со свиленкастата текстура на зрно од ванила, црвен кедар и кадифен мошус, кои на мирисот му даваат мек, заводлив карактер.

Kylie Jenner by KKW Fragrance Pink Lips

Pink Lips е најавен како соларен цветен мирис со нагласени акорди на кокос. На отворањето на мирисната композиција доминираат мандарини и бергамот кои даваат сјај на граденијата, егзотичниот цвет од тиара и кокосовата вода во срцето на мирисот. Основата со топлина го прати цветното јадро, фаворизирајќи го кремастиот кокос, розовиот мошус, сандаловото дрво и течната килибарна смола.

Kylie Jenner by KKW Fragrance Nude Lips

Nude Lips е ориентален мирис со ванила и килибар. Композицијата се отвора со соларни зачини и цветови од крин кои на пиедесталот ги ставаат букетот од магнолија, јасмин и божур. Ванилата се топи во прегратката на вибрантниот килибар и мазниот кремаст мошус во основата на мирисот.

Промоција на мирисите ќе биде на 23 август 2019 година!

Мирисите од колекцијата на Kylie Jenner by KKW Fragrance Red Lips, Pink Lips i Nude Lips ќе бидат достапни во шишенца од 30 мл, како Eau de Parfum почнувајќи од 23 август 2019 година. Исто така може да набавите сет од сите три мириси на официјалната веб-страница kkwfragrance.com

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KKW FRAGRANCE (@kkwfragrance) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *