Мирисната колекција Bvlgari Splendida ги обработува „скапоцените камења“ од природата и ги претвора во елегантен мирисен накит. Секој мирис на оваа линија симболизира по едно од лицата на жената, мириси кои се инспирирани од скапоцени цветни и други состојки. Ирис, роза, јасмин, магнолија и тубероза, сите имаа своја посветеност. Во 2020 година, им се придружи Patchouli Tentation мирисното издание.

Мирисна колекција Bvlgari Splendida!

Колекцијата Bvlgari Splendida беше лансирана во 2017 година со три изданија: Iris d’Or, Rose Rose и Jasmin Noir. Во 2018 година на колекцијата се приклучува Magnolia Sensuel, а во 2019 година беше лансиран Tubereuse Mystique.

Композиција заснована на три вида пачули!

Splendida Patchouli Tentation е опишан како блескав и неодолив цветен парфем. Неговата композиција се заснова на три вида пачули, како одраз на „еволуцијата на искушението“. Тука се есенцијата на пачули и пачули срцето од островот Florens и есенција на пачули од Индонезија. Дополнителните мирисни ноти вклучуваат овошје, ирис и мошус.

Новиот Bvlgari Splendida Patchouli Tentation е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.