Ново поглавје на Gucci Guilty мирисната линија се отвора на почетокот на 2019 година со Gucci Guilty Pour Femme Eau de Parfum изданието и новата рекламна кампања во која на актерот Jared Leto му се приклучува пејачката Lana Del Rey. Кампањата е снимена од страна на Glen Luchford по насоки на креативниот директор на брендот Gucci, Alessandro Michele, а во кампањата се појавува и рок-ѕвездата Courtney Love.

Дизајниран за револуција, мирисот повторно се раѓа!

“Новиот женски Gucci Guilty мирис ја открива перцепцијата на жените кои навистина се ослободени. Декларација на самоизразување и бестрашност гори во новата силна изјава #ForeverGuilty. Дизајниран за нова револуција, мирисот Gucci Guilty Pour Femme повторно се раѓа“ – изјавуваат од брендот Gucci.

- Реклама -

Супериорни цветни ноти и подобрени природни состојки!

Ориентално-цветната композиција го носи богатството и благородноста на оригиналната тоалетна вода од 2010 година. Супериорни цветни ноти и подобрени природни состојки на мирисот цветаат во силна и рафинирана концентрација на Eau de Parfum. Парфемот е интензивиран со мирисни концентрати и содржи ноти на цитрусно овошје mandora, розов бибер, пачули и јоргован.

Gucci Guilty Pour Femme ќе биде достапен во 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.

#ForeverGuilty