- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

После секој максимализам почнуваме од почеток, односно враќање кон едноставноста и минимализмот. Сите се согласуваме кога ќе кажеме дека токму тоа ни треба во рутините за убавинаминимализмот влегува во многу пори на животниот стил, па дури и во индустријата за убавина.

Кожата е најубава кога и обезбедуваме основна нега!

Заборавете на оние рутини во десет чекори, совршено исцртани веѓи, baking, контурирање и нанесување на неколку слоеви на хајлајтер. Откако сите се заситивме со трендови слични на овие, природниот изглед и љубовта кон сопствената кожа без разлика колку има несовршености, ќе биде нов тренд во светот на убавината што ќе доминира во периодот што ни доаѓа. Паралелно со „slow beauty“ движењето за убавина, кое започна да се развива оваа година, научивме дека не ни требаат сите силни производи и дека кожата е најубава кога и обезбедуваме основна нега, но и кога ги слушаме нејзините потреби.

Скинимализамот доаѓа како одговор на нереалните стандарди за убавина!

Скинимализамот според прогнозите на водечките бјути експерти ќе биде водечки тренд во светот на убавината и ќе се врти околу едноставна рутина за нега, природна текстура на кожата која е најубава додека е здрава и околу природниот изглед со малку шминка. Како резултат на метежот од шминка, а потоа и од употребата на прекумерен број на производи за нега, скинимализамот доаѓа како одговор на нереалните стандарди за убавина, наметнати преку социјалните мрежи. Разновидни филтри кои неприродно го измазнуваат лицето, ги подигнуваат јаболчниците или формираат облик на бадемови очи, станаа бизарен тренд што може да има сериозни последици врз самодовербата кај постарите, а особено кај помладите генерации.

- Реклама -

Природен, уникатен и здрав изглед на кожата!

Трендот за убавина кој со нетрпение го очекуваме е оној што потенцира природен, уникатен и здрав изглед. Секако, сè уште ги обожаваме производите за нега и шминка, но не ни требаат секој ден, а кожата верувајте ми ќе ви биде благодарна за малата пауза од тешки формули и штетни состојки што ги сакаме што е можно помалку во нашата секојдневна рутина.