Актерката Lily Collins минатата година помина четири месеци во Париз на снимањето на новата серија „Emily in Paris“. Серијата нуди поглед на историските знаменитости на Париз во комбинација со високата мода и убавината на француските девојки. Lily во нејзиното видео за Vogue, открива како да креирате изглед инспириран од убавината на Париз, притоа да го постигнете совршениот no make up – make up изглед кој е препознатлив кај француските девојки.
„Единственото нешто што го обожавам кај no make up – make up изгледот е свежата, чиста кожа“, вели Lily Collins.
How to…
Мејкап рутината на Lily Collins започнува со нанесување на Lancôme Advanced Génifique Serum како основа на шминката. Актерката ја меша течната пудра Lancôme Teint Idole Ultra 24-hour Long Wear Foundation, за која вели дека е совршен партнер за no make up – make up изглед, со две капки од Lancôme Advanced Génifique Serum за да добие здрав изглед со средна покривност. Течната пудрата ја нанесува на челото, брадата и образите и ја блендира со мејкап сунѓер. Пудрата ја фиксира со Lancôme Absolue Powder Radiant Smoothing Powder, а со Lancôme Blush Subtil Oil Free Powder Blush го контурира нејзиното лице.
Нејзиниот омилен дел од рутината за убавина е природниот изглед на полните веѓи, кои таа само ги чешла со spoolie четка. Таа нанесува Lancôme Le Monochromatique Eyeshadow and Highlighter преку очниот капак и под веѓата, а со Lancôme Grandiose Liner нанесува тенка cat eye линија. Lancôme Monsieur Big Volumizing Mascara е омилен производ што создава издолжени трепки со 12 пати поголем волумен.
Lily за прекрасни неутрални усни користи нуд нијанса од Lancôme L’Absolu Rouge Lipstick, а над карминот додава од Lancôme Juicy Tubes сјајот за усни.
„Juicy Tubes ме потсетуваат на моето детство, присетувајќи се кога првпат ги забележав и посакував да ги имам сите бои. Се чувствував како дете во продавница за слатки“, вели Lily Collins.
За да го овековечите Париз, запомнете! Мирисајте добро секојпат! А изборот на нејзиниот мирис? La Vie Est Belle, што на француски значи „животот е убав“.
„Мирисот од Lancôme ми прави да не ми недостига Париз“, вели Lily за мирисната композиција од ванила и ирис, која ја нанесува врз вратот, зглобовите и во воздухот над неа.
„Мирисниот облак околу мене ме прави да се чувствувам дека сум во Париз, како мало патување во мојата глава“.