Ништо повеќе не може да го привлече вниманието, како што може еден нов трик за шминкање, кој веднаш овозможува импресивни резултати. Неодамнешниот пост од @beautystylemedia на Инстаграм, собра скоро 2 милиони прегледи, затоа што покажува еден едноставен трик за да создадете издолжени и закривени трепки со еден производ кој што сите го имаме дома – вазелин. Вазелинот отсекогаш служел како најлесно да ги нахраните вашите трепки за да ги направите поздрави и подолги и природно подигнати и закривени. Но, сега има еден трик за брзо постигнување на феноменални трепки со помош на вазелин, што сигурна сум дека веднаш ќе го испробате. Во продолжение дознајте што треба да направите за да постигнете прекрасни трепки.

Мејкап трик: Со само три чекори до најубави трепки!

#1 чекор!

Првиот чекор на секој беспрекорен и долготраен мејкап изглед, кој во центарот на вниманието ги става трепките, започнува со виткање на трепките. Нежно закривете ги трепките во самиот корен. Потоа, преместете го виткачот само неколку милиметри нагоре и притиснете повторно неколку секунди. Тоа е една од добро чуваните тајни на експертите за поубави, закривени трепки.

#2 чекор!

Вториот чекор вклучува вазелин. Нанесете вазелин на трепките со чиста четка за веѓи или четка од стара маскара што повеќе не ја користите. Важно е да не претерате со нанесување на овој производ. Премногу вазелин може да ги направи претешки вашите трепки, а тоа е она што сакаме да го избегнеме.

#3 чекор!

Третиот чекор е нанесување на маскара за да постигнете поголем волумен. Клучот е да нанесете маскара само на врвовите на трепките. Тоа е во спротивност со сите вообичаени совети за постигнување на издолжени трепки, кои главно се насочени кон нанесување на голема количина на маскара во коренот на трепките за подобра дефиниција на очите. Но, овој трик е малку поинаков, а резултатот ќе биде постигнување на издолжени и закривени трепки што ќе траат цел ден.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEAUTY STYLE MEDIA (@beautystylemedia) on

Други придобивки од вазелинот во вашата рутина за убавина!

Придобивките од вазелин не запираат само на долгите трепки. Со помош на овој култен производ за нега на кожата, можете да постигнете одличен сјаен летен изглед на очите. Ако сте љубител на сјаен мејкап изглед, се што треба да направите е да нанесете малку вазелин на очните капаци, а исто така можете да го нанесете и над сенката за очи, ако сакате да ги зачините работите со малку боја. Вазелинот можете да го користите наместо хајлајтер, бидејќи на вашата кожа ќе и даде здрав сјај.

Но, мојот омилен трик е тоа што вазелинот може да го продолжи животот на вашиот парфем. Само нанесете го на оние делови од кожата каде што нормално нанесувате парфем, а потоа испрскајте го омилениот мирис. Парфемот подобро ќе се апсорбира на вазелинот отколку на кожата и ќе трае многу подолго.

Понекогаш можеби ги потценуваме можностите на овој прифатлив производ, но од сега па натаму сигурна сум дека ќе го имате во нашиот козметички несесер.