- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Lacoste претстави два нови мириси кои припаѓаат на популарната линија Lacoste L 12.12. Креирани се како поинтензивни и со бленд од ноти инспирирани од поло маицата на брендот. Како што соопштуваат од брендот Lacoste: „Во двете миризливи креации на парфимерите Marie Salamagne и Ane Ayo, елеганцијата понудена од René Lacoste со цел поголема слобода е преточена во два софистицирани мириси, за неа и за него“.

Мирисната колекција L.12.12 сега надополнета со две нови креации, поинтензивни од претходните, бидејќи се понудени како парфемски води. Истото име, исти кодови! Мирисите L.12.12 се носат како поло маици на кожата, додавајќи дополнителен слој на стил. Добро познатото шише од колекцијата е стилизирано, а духот на поло маицата е сеприсутен на новото шише, кое е целосно редизајнирано со цел да биде што е можно поблиску до изгледот на маицата. Покрај формата на поло маицата, познатото мало крокодилче е уште еден важен елемент на предниот дел од шишето. Везениот крокодил доаѓа во сива или розова боја за Eau de Parfum или во исконската зелена боја за тоалетна вода.

L.12.12 Blanc, за него!

Далеку од однапред утврдени кодови, овој модерен, но безвременски мирис поигрува со контрасти за да се прилагоди на тој што го носи. Цитрусните плодови се мешаат со енергични зелени ноти. Дрвенестата топлина се спојува со свежината на еукалиптусот. Сето ова на зачинета основа на кедар и кардамон.

Lacoste L 12.12 Blanc For Him е достапен во шишиња од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

- Реклама -

L.12.12 Rose, за неа!

Волшебната леснотијата на овој елегантен женски парфем е претставена преку блескав лет со цветни ноти на франгипани и роза, смело засилени со зелена мандарина и нане на удобна основа на мошус и амбрета. Розовото шише содржи блескав и свеж овошно-цветен мирис за самоуверена жена која ужива во слободата на движење и стил.

Lacoste L 12.12 Rose For Her е достапен во шишиња од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

Кампања L.12.12

Пет млади таленти се движат низ булеварите носејќи го исконското шише L.12.12 од еден до друг, во единствена и радосна кореографија. Меѓу овие исклучителни амбасадори, два модели, Désiré Quadjo Mia и Maeva Giani Marshall се истакнуваат со чувство на стил и недопрена убавина. Исто како Lacoste ги кршат кодовите во модниот свет. Момент на благодет, момент на суспендирана елеганција: танчерката Hortense de Gromard дава нежен и многу модерен допир на група.

Светскиот шампион во BMX, Matthias Dandois го вози својот велосипед со најголема подвижност. Тој е забележан на улиците во Париз пред да стане ѕвезда на социјалните мрежи со неговиот легендарен Moonwalk, а танчерот Salif Gueie го додава чувството за ритам и необични движења.

Пет таленти. Петмина радикално различни универзуми. Пет стилови… И само една поло маица! Lacoste ги спојува во кохерентна и инспиративна кампања, каде што секој инспириран од сопствената страст, ја изведува својата улога, никогаш не губејќи ја предвид силата на колективот. Секој во својата поло маица и секој во свој стил.