- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Веќе подолго време малата бјути алатка – ролер за лице, ги има освоено срцата на оние кои се грижат за својата убавина. Како посебен се издвојува ролерот од жад кој уште повеќе привлекува со својата зеленкаста боја и практичен дизајн. Многубројните бенефити се многу важни за кожата, но да не го заборавиме и правилниот начин на користење на овој ролер.

Доколку сте иден корисник на ролер за лице од жад, или веќе се наоѓа во вашата фиока, а не знаете и не сте сигурни како правилно да го користите, неколкуте совети што ќе ви ги дадам многу ќе ви помогнат да го извлечете максимумот од овој производ и да ја направите вашата кожа да блеска со здрав сјај за помалку од 2 недели.

Правилно користење на ролер за лице од жад – чекор по чекор!

1# Припремете ја кожата за користење на ролерот!

Еден од првите чекори пред да се користи ролерот директно на лицето е подготвување на кожата. Чистењето на кожата треба да биде задолжително. Сигурно не би сакале ролерот со неговите движења да ги рашири нечистотиите низ целото. Покрај чистењето на лицето, задолжително нанесете го вашиот омилен серум, ноќна крема или природно масло. Ако вашиот ролер е вклучен во утринската рутина која ќе помогне вашето лице побрзо да се подготви за обврските кои ве чекаат, користете хидратантна крема која лесно и брзо се впива во вашата кожа. Ролерот можете да го користете без овие козметички производи, само важно е кожата да биде чиста!

- Реклама -

2# Масажа на вратот!

Клучот за правилно користење на жад ролерот започнува со неговиот поголем дел, со движења од долу кон горе на вашиот врат и со нежен притисок. Почнувајќи од клучната коска нежно притискајте го ролерот со нагорни движења кон вашата брада, со неколку повторувања. За затегнување на кожата на вратот најдобро е ролерот да не го движете надолу. Препорачливо е да се подигне ролерот и пак да се вратите на почетната точка, односно  вашата клучна коска.

2# Масажа на лицето!

Откако ролерот го употребивте за масажа во делот на вратот, следен дел за масажа е вашето лице. Како и кај вратот и овде движењата почнуваат од долу кон горе, најпрво од вашата брада кон образите и кон линијата до ушите. Продолжувате од центарот на вашето лице кон надворешните делови, односно од носот кон ушите за да овозможите подобра циркулација на кожата. Не заборавајте го челото, каде движењата почнуваат од средината на челото кон двете страни на вашата коса, како и вертикални движења од веѓите нагоре кон косата.

4# Користете го малиот камен за пределот околу очите!

Малиот камен е наменет за масажа на пределот околу очите. Почнете од внатрешноста на вашите очи, односно деловите под очите, како и очните капаци. Продолжете да го движете овој мал камен кон слепоочниците. Бидете особено претпазливи при притискање и масажата со ролерот над и под очите, бидејќи се работи за многу нежни делови.

5# Чистење на ролерот пред и после употреба!

Доколку пред масажата нанесувате козметички производи, неопходно е чистење на ролерот. За да ја отстраните мрснотијата од кремите и серумите која останала на ролерот, користете сапун или шампон за бебиња и измијте го со топла вода. Добро исушете го со користење на памучна крпа. Се препорачува истото да го направите и пред неговото користење. Ролерот директно ја допира вашата кожа, затоа одржувајте го чист!