- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Најновиот парфем на брендот Marc Jacobs креиран од парфимерот Domitille Michalon-Bertier најавен е како израз на оптимизам и оригиналност, инспириран од мантрата на Marc Jacobs – „I Am Perfect as I Am“ (Јас сум совршен каков што сум). Глобалната рекламна кампања за најновиот Perfect мирис се заснова на разновиден колаж од 42 лица, славејќи ја убавината, разликите и уникатноста на секоја индивидуа!

Модерен, ведар и женствен мирис!

Marc Jacobs Perfect е најавен како модерен, ведар и женствен мирис. Мирисната композиција нуди свежо, цветно отворање, комбинирајќи рабарбара и нарцис, кои ве водат до кремастото срце од бадемово млеко. Основата на мирисот опфаќа топли ефекти создадени од акордите на кашмир и кедар.

I Am Perfect as I Am

Истетовирав – PERFECT на мојот зглоб за да ме потсетува кога гледам во себеси и кога посакувам да бидам подобар во некои работи и можам да кажам само НЕ, затоа што јас сум таков каков што треба да бидам” – вели Marc Jacobs. „Мојот нов Perfect парфем е инспириран од моето верување дека сите ние сме совршени какви што сме, како што е прикажано во кампањата преку сите лица од нашата фантастична екипа“.

- Реклама -

Кампањата испраќа порака за љубов насочена спрема себе и прифаќањето какви што сме!

Кампањата беше фотографирана од познатиот моден фотограф Juergen Teller, во соработка со креативниот директор Katie Grand. Во кампањата се вклучени манекенката Lilu Moss (ќерка на супермоделот Kate Moss), Alek Weka, Akon Changkoua, Mei Kawajiri, близначките Margo и Madelyn Whitley и многуте талентирани членови избрани преку отворен повик на социјалните мрежи, меѓу кои и Isold Halldoruttir и Nathali Turner.

„Беше неверојатно искуство работејќи на кампањата Perfect Marc Jacobs со цела група на многу различни луѓе“ – вели Lila Moss. Јас апсолутно го сакам мирисот и неговото шише и јас сум многу горда и возбудена што сум дел од кампањата што испраќа толку важна порака за љубов насочена спрема себе и прифаќањето какви што сме“.

Стилизирано шише со дизајнерски потпис!

Шишето на Perfect Marc Jacobs е направено од атрактивна мешавина на неочекувани елементи. На врвот, кристалното капаче е крунисано со еклектични и шарени привезоци. Секој од приврзоците е избран од страна на Marc Jacobs лично, за да допринесе за дизајнерскиот потпис во стилизирањето на шишето.

Шишето е изработено од тешко стакло инспирирано од грациозноста и стилот на класичните парфеми. Внатре, румен розов сок ги потенцира рабовите на шишето. Надворешната амбалажа е комплементарна со шишето, украсена со познати елементи од старите кутии за парфеми. Дизајнот на пакувањето е креација на њујоршкиот уметник Jacky Blue.

Marc Jacobs Perfect е достапен во шишиња од 50 и 100 мл како Eau de Parfum.