Иконата меѓу парфемите, цветно-зачинскиот L’Air du Temps од модната куќа Nina Ricci, постои од 1948 година. Создаден како ода на радоста по завршувањето на војната, овој парфем претставува амблем на слободата и мирот, вредности отелотворени со гулаби на капачето од шишето. Составот комбинира јасмин, роза, гарденија и зачинско каранфилче.

bottle

Nina Ricci во соработка со студиото Antoinette Poisson

Брендот Nina Ricci претстави ограничено издание со нова миризлива композиција, креирана од Calice Becker, а дизајнирана во соработка со париското студио Antoinette Poisson.

Студиото A Paris chez Antoinette Poisson е основан во 2012 година, рестартирајќи го заборавениот занает: декорација на „Domino“ украсна хартија. Оваа техника од 18ти век се состои од печатење украсна хартија со помош на врежани дрвени блокови.

Antoinette Poisson Domino

- Реклама -

Композиција со свежи акорди!

Композицијата на L’Air du Temps À Paris chez Antoinette Poisson се отвара со свежи акорди на цитрусното овошје yuzi со зачинети акорди на црвен бибер. Срцето содржи кадифени, сончеви ноти на цветови од тубероза и ylang-ylang, заокружени со млечна основа на мошус и сандалово дрво.

l air du temps bottle

Дизајниран ексклузивен образец на гулаби среде цвеќе!

За ова ограничено издание Antoinette Poisson дизајнира ексклузивен образец на гулаби среде цвеќе. Овој дизајн оддава почит на чисто француската уметност: Toile de Jouy – ткаенина родена во средината на 18 век, препознатлива благодарение на монохроматските дезени.

Nina Ricci L’Air du Temps à Paris by Antoinette Poisson е достапен во 50 мл, како Eau de Parfum.

bottle

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име