- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Негата на кожата е полна со правила: отстранија шминката, не заборавајте антирид, редовно нанесете СПФ заштита и одредени производи користете ги за ноќна нега! Последново не знам дали секогаш го практикувате, но дефинитивно е многу важно! Затоа, секогаш ви препорачувам да имате одвоени рутини за нега на кожата во текот на денот и ноќта. Одредени козметички состојки се користат исклучиво ноќе, бидејќи често предизвикуваат зголемена фотосензитивност на кожата. Некои од нив се наменети да се користат во периодот на самообновување на кожата, како што е ноќниот крем. Затоа, во продолжение ви нудам список со 5 производи за нега на кожа кои се користат исклучиво во вечерната рутина!

Кои производи се користат само навечер?

#1 Ретиноиди

Ретиноидите се форма на витаминот А и познати се по тоа што делуваат на неколку проблеми со кожата: акни, дамки, брчки, опуштеност на кожата. Ретиноидите се различни форми на ретинол кои можат да бидат послаби или посилни. Причината зошто се користат во текот на ноќта е тоа што оваа состојка предизвикува зголемена чувствителност на кожата изложена на сонце, а со тоа се зголемува можноста од појава на дамки или изгореници. Кожата после користење на ретинол изгледа подмладено, бидејќи се забрзува процесот на природна замена на старите и новите клетки на кожата и поради тоа младата кожа е ранлива, односно осетлива.

Покрај тоа ретинолот е крајно нестабилен на дневна светлина односно се разградува. Затоа, ретинолот се користи само навечер, а СПФ кремот со заштитен фактор е задолжителен наутро.

#2 АХА и БХА киселини

АХА киселините, попознати како овошни киселини делуваат како пилинг кои ја измазнуваат текстурата на кожата и го подобруваат изгледот на дамките, брчките и проширените пори, додека БХА киселините ги „одзатнуваат“ порите и го отстрануваат себумот од нив. Овие состојки можат да ја натераат кожата бурно да реагира на УВ зрачење. Затоа киселините секогаш се користат како дел од режимот за нега на вечер. Најдобро е да не се комбинираат ретинол и киселини во иста ноќна рутина, туку да се менуваат – една вечер само ретинол, а друга вечер само киселина.

- Реклама -

#3 Ноќни креми

Додека дневните креми обично се со полесна текстура и формулирани со СПФ заштита, ноќните креми се со побогата текстура и обезбедуваат поинтензивна нега. Тие често содржат состојки наменети за самообновување на кожата, бидејќи тоа е природен процес што се одвива во текот на вечерните часови. Ноќните кремови се помасни, похранливи и побогати со регенерирачки состојки. Затоа, нивната намена е само во текот на вечерната рутина.

#4 Ноќни „sleeping“ маски

Бидејќи сигурно не спиете во текот на денот, ноќните „sleeping“ маски очигледно е дека се користат во вечерната рутина, пред спиење. Тие се кремасти или со гел текстура. Разликата во однос на ноќниот крем е концентрацијата на активни состојки. Овие маски се нанесуваат како последен чекор во вечерната рутина. Наутро ќе се разбудите со освежена, хидрирана и сјајна кожа.

#5 Масло за лице

Маслото за лице обезбедува интензивна хидратација и исхрана на кожата, така што таа ќе остане полна и еластична. Зошто ноќната рутина е најдобро време да се користи масло? Освен очигледната причина – маснотии и чувство на тежина, маслото за лице најдобро е да се користи навечер поради специфичниот ритам на создавањето на себумот. Во различни периоди од денот, кожата создава различни количини на себум. Во утринските часови кожата повеќе се мрси, затоа најдобро е маслото да се користи во моментот кога кожата се самообновува, а тоа е во текот на ноќта.