Новиот парфем за мажи кој ќе се приклучи кон мирисното семејство Boss Bottled и го означува „мажот на денешницата“ е Boss Bottled Infinite Eau de Toilette. Опишан е како освежувачки, но длабок мирис кој го инспирира оној кој го носи да се посвети на своите страсти и да се создаде трајни сеќавања.
Освежувачки, но длабок мирис!
Boss Bottled Infinite е дрвенест мирис кој се отвора со овошни ноти кои се интензивирани со акорди од цимет. Во срцето, пачулито и рузмаринот се спојуваат со ароматичната лаванда. Сандаловото и маслиновото дрво во основата му даваат карактер на мирисот. Boss Bottled Infinite наводно е првиот мирис кој е создаден со „Diamond Technology“, технологија која гарантира дека мирисните ноти при отворањето и срцето на парфемот остануваат на кожата подолго и го зачувуваат оригиналниот карактер на мирисот.
Boss Bottled Infinite е достапен во 50, 100 и 200 мл, како Eau de Toilette.