- Реклама -

Компанијата Interparfums го објави името на новиот парфем на Oscar de la Renta за жени, кој ќе биде лансиран во март 2018 година под името Bella Blanca, кој треба да ја претстави суштината на Oscar de La Renta жената.

Спој на природата и убавината!

“Градината најверојатно е најчиста духовна радост, заедништво на природата и убавината на наједноставен и фундаментален начин”. – Oscar de la Renta

Природна елеганција и чиста грациозност!

Мирисот претставува природна елеганција и чиста грациозност на белите цвеќиња со дрвенести и мошусни ноти. Композицијата е создадена од Harry Fremont од Firmenich. Мирисните ноти од круша, роза и зелени лисја се вклопуваат со цветниот букет од јасмин, рози, цветовите од портокал и тубероза. Сандалово дрво, белиот ирис и свилениот мошус се база на парфемот.

Шише со тродимензионални бели цветови!

Новото шише на мирисот е покриено со тродимензионални бели цветови и украсено со златна плочка со името на парфемот. Лицето на рекламната кампања снимена од фотографот Kristian Schuller е моделот Zhanna Brass.

Oscar de la Renta Bella Blanca Eau de Parfum е достапен како 30, 50 и 100 мл.

- Реклама -
- Реклама -