Целокупниот изглед на шминката зависи од начинот на кој се нанесува течната пудра. Изборот на кој начин ќе ја нанесете течната пудра може да ја подобри текстурата и изгледот на пудрата на лицето. Од друга страна, висококвалитетните течни пудри може да изгледаат многу полошо на лицето ако ги нанесувате со погрешна техника. Затоа ви откривам кои пудри е најдобро да се нанесуваат со прсти, четка или бјути блендер.

ПРСТИ, ЧЕТКА ИЛИ БЈУТИ БЕЛЕНДЕР?

Од првите чекори во тајните на шминкањето, наједноставен начин за нанесување на течната пудра се прстите. Ако се сеќавате на вашите мејкап почетоци во тинејџерските денови, знаете дека не постоеја четки и блендери. Затоа бевме принудени пудрата да ја нанесуваме со прсти. Овој начин за нанесување на шминката на лицето не е доволно хигиенски, пудрата навлегува под ноктите и по нанесувањето често се видливи ленти и недоволно размачкана пудра на кожата.

Потоа се појавија четки за нанесување во различни форми: “buffing” -четки со рамно сечени влакна или “duo-fiber” -четки со двојни влакна, кои стана незаменливи алатки во нашите несесери. Последно се појави бјути блендерот, како револуција во нанесувањето на кремасти мејкап производи, кој ги освои женските срца низ целиот свет. За кои од овие три “алатки” треба да се одлучите при нанесувањето, зависи од текстурата на пудрата, а тоа ќе го дознаете  во текстот што следува.

ПРСТИ

ПРИДОБИВКИ

Нанесувањето на течна пудра на лицето со прсти има свои предности: пудрата се нанесува експресно кога сте во брзање, не се губи време за чистење на разните четки, нема дополнителни трошоци за купување. Всушност ваквиот начин за нанесување е најекономичен. Со прсти најдобро се нанесуваат пудрите со лесна текстура, или BB кремите, кои немаат висока моќ на покривност. Ќе добиете убав ефект ако нанесувате лесни пудри со сјаен финиш со прст, бидејќи така најдобро ќе го задржите сјајниот ефект на кожата. Топлината на прстите убаво ќе ја размачка пудрата и ќе ги активира пигментите кои убаво ќе се стопат со вашата кожа.

НЕДОСТАТОЦИ

Меѓутоа, честопати се случува вашите прсти лошо да ја размачкаат пудрата и да имате видливи линии на лицето. Со прстите нема да можете прецизно да ја изедначете нијансата на пудрата на лицето со нијансата на кожата на вратот, така што ќе го добиете ефектот на маска на лицето. Прстите во никој случај не се погодни за нанесување на густи, мат пудри со висока покривност, затоа што не може добро да се нанеси пудрата во порите. Тоа е причината зошто можете да го добиете ефектот на маска и пудрата ќе биде многу повеќе видлива на лицето, а тоа не го сакаме.

- Реклама -

ЧЕТКИ

ПРИДОБИВКИ

Постојат различни четки за нанесување на течна пудра. Најстари се оние со рамна форма, кои можат прецизно да ја нанесат пудрата на лицето, но не можат добро да ја изблендираат во кожата. Затоа многу подобар избор е четката “buffing”, со која може многу лесно да се изблендира течната пудра во кожата така што ќе изгледа неприметно, со полиран и беспрекорен ефект. Четките особено се добри за густи тешки пудри со мат текстура, кои лесно можат да се нанесат на лицето. Популарни се “duo-fiber” четките кои се најдобри за нанесување на пудра со лесна текстура. Покрај тоа, откако еднаш ќе вложите во четка со добар квалитет, со правилно одржување таа може да трае со години.

НЕДОСТАТОЦИ

Четките за течни пудри немаат некои посебни недостатоци. Она што ги издвојува од другите алатки за нанесување на течна пудра е што со нив се троши повеќе пудра, бидејќи тие апсорбираат од пудрата, затоа не се најекономично решение. Исто така мора да се мијат по секоја употреба, за да не дојде до развој на микроби на четката. Течните кремасти текстури кои остануваат во четката се идеална подлога за размножување на бактерии, што е особено опасно за луѓето со чувствителна кожа и склони кон акни. Четките можат да ја иритираат сувата  и чувствителна кожа. За нив постои многу подобро решение, а тоа е бјути блендерот.

БЈУТИ БЛЕНДЕР

ПРИДОБИВКИ

Најпопуларното “јајце” на планетата дефинитивно е бјути блендерот, сунѓер во облик на јајце, направен од гумена пена без латекс. Ова чудо претставува пресвртница во светот на шминкањето. Оригиналниот бјути блендер има уникатна текстура со многу пори кои овозможуваат “air-brush” ефект на кожата со минимална апсорпција на пудрата. Неговата голема предност е во тоа што можете да ги нанесете сите видови текстури: BB креми, лесни пудри, но исто така и супер тешки, сценски пудри.

Со блендерот ќе добиете најприроден изглед на пудрата на кожата. Квалитетниот бјути блендер исто така многу е економичен, може да се примени за секој мејкап производ (коректор, крем контури, хајлајтер, па дури и прашкастите производи како компактна пудра и руменило). Покрај тоа, речиси секој бренд има своја верзија на ова чудесно јајце, па затоа многу е прифатлив.

НЕДОСТАТОЦИ

Блендерот бара посебна техника за нанесување со тапкање на производот на кожата, без влечење, тоа мора да го совладате. Ако не се направени од квалитетен материјал, блендерите можат да бидат тврди и лошо да го блендираат производот на кожата. Колку се помали порите на блендерот, толку е поголема неговата цврстина. Не заборавајте дека блендерот секогаш се користи влажен, така што ова е едена голема мана, бидејќи станува идеална подлога за развој на бактерии. Затоа, мора да се измие после секоја употреба. Исто така голема мана е тешкото чистење, слојот од густите пудри може да се отстранат на посебен начин со комбинирање на масло и средство за чистење. Препорачувам блендерот да се замени на секои три месеци од хигиенски причини.