Перфектно измазнувачкиот мејкап изглед кој доминира на модните писти секоја сезона, се пренесува во секојдневието. Секоја жена посакува блескава кожа. Тајната е во руменилото!
Руменилото е производ кој мора да го имате! Со него на најбрз начин ќе создадете илузија на совршени образи. Го користам врз јаболчниците, челото, брадата, целото лице, го користам како бронзер за да му дадам живот на уморното лице.
Беспрекорен финиш на лицето!
Crème Puff од Max Factor е последен збор во создавањето на беспрекорен финиш на лицето. Max Factor Crème Puff руменилата ми овозможуваат да го трансформирам својот мејкап изглед со интензивно обоени контури. Откако ќе нанесам основа со коректорот и пудра, користејќи четка за руменило нанесувам бојата на образите, во пределот над веѓите и по должината на вратот. Резултатот е луксузен сјај.
Се создава нова димензија на ликот!
Вистинската нијанса може да се користи за истакнување на одредени контури на лицето, бојата рефлектира и на тој начин се создава нова димензија на ликот. Може да креирате бескрајно модерен изглед со неколку трик рутини: сивокафеавата нијанса на руменилото ја нанесуваат под јаболчниците и на тој начин се создава импресија на скулптурирана текстура на коската, додека пак за потопол ефект може да користите розови нијанси нанесени во горниот дел на образот и на тој начин се создава илузија на заоблени образи. Без разлика дали се користат за истакнување, скулптурирање или додавање на природно руменило, Max Factor Crème Puff Руменилото ќе стане задолжителен производ во вашиот несесер.
Руменило за гламурозни трансформации!
Crème Puff Руменилото од Max Factor овозможува надградување на бојата и со секој нареден слој бојата се интензивира и на тој начин им дава контрола на жените кои го користат да создадат гламурозна трансформација. Без разлика дали треба да се постигне природен сјај или поинтензивна боја, бојата прекрасно се дефинира со секој нареден слој.
Max Factor Crème Puff руменило за гламурозни трансформации!