Ексклузивна промоција на козметиката La Mer!
Вчера во просториите на парфимеријата Anabella во хотел Мериот се одржа настан на кој беа презентирани техниките за масажа и правилно нанесување на производите на легендарната козметика La Mer.
Настанот беше од затворен карактер и наменет ексклузивно за клиентите кои ја користат оваа луксузна козметика.
Татјана Стојановска се увери во делотворноста на La Mer!
Модел беше Татјана Стојановска, ТВ спикер и водител во македонските медиуми. La Mer техниките ги презентираше експертот за козметиката La Mer за Македонија, Надица Тантуровска.
Бјути рутина која треба веднаш да ја воведете!
Целиот процес започна со нанесување на мицеларна вода, потоа лосион за чистење на лицето, тоник за баланс на кожата. Веднаш потоа беше нанесен лосионот за посебен третман на кожата, следеше хидратантниот серум за ревитализација, па кремата за пределот околу очите да даде дополнителна свежина.
Дадар презентираше нови техники за свеж изглед на лицето при нанесување на шминка!
По завршување на процесот за подготовка на кожата на лицето, нашиот познат мејкап артист Александар Билјановски – Дадар, пред гостите презентираше неколку нови техники и трендови за свеж изглед на лицето при нанесување на шминка.
Бјути бестселер – кремата Crème de la Mer!
Покрај останатите производи за подготовка на кожата пред нанесување шминка, беше искористена и кремата Crème de la Mer, бестселерот на овој бренд.
Иконската Crème de la Mer е создадена со највисок стандард за изработка. Моќните морски алги во срцето на Miracle Broth се внимателно и одржливо рачно набрани и замрзнати се испраќаат до истражувачките лаборатории на Макс Хубер заради одржување на интегритетот и активноста на свежото растение.
La Mer – во Anabella Мериот!
Целата козметика на La Mer може да се најде ексклузивно во парфимеријата Anabella во хотел Мериот.