Инспириран од колекциите на светските модни писти за оваа пролет/лето сезона, Catrice ги претстави новите Rock Couture Liquid Liners производи, течен туш во три смели нијанси.
Течен туш за очи со прецизна четка во три смели нијанси!
Rock Couture Liquid Liners – течен туш за очи со прецизна четка за нанесување. Течниот туш сигурно ќе привлече многу внимание, бидејќи е достапен во три смели нијанси: светло сина, бакарно-портокалова и сребрено-ладна-бела боја. Може да постигнете ефекти на вашите очи од блескави металик до интензивни дуо-хром. Благодарение на апликаторот со фини врвови, креативните можности се бесконечни.
Совет! Бојата ќе ги истакне очите и ќе создадете модерен мејкап изглед!
Боите и ефектите на Catrice Rock Couture Liquid Liners можат да ви понудат драматични мејкап стилови за шминкање на очите или да ви дадат минималистички мејкап изглед со допир на елеганција. За да го направите ова, најдобро е остатокот на шминката да биде суптилна и природна, само со исцртување на фина линија во сина, портокалова или бела боја директно по должината на вашите трепки. Бојата ќе ви ги истакне вашите очи и ќе создадете модерен мејкап изглед.