- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Фасцинантно е колку шминката може да те разубави. Со ситни корекции да блеснеш! Но, исто така, таа може да те доведе до тотално фијаско! Затоа ти ги претставувам трите најчести грешки при шминкањето:

1.Што повеќе кармин и молив за усни, толку подобро?!

Мора да признаеш дека прекумерно исцртаните усни навистина изгледаат непривлечни и одбивни. Со цел усните да изгледаат поголеми и повеќе сочни, девојките често претеруваат со исцртувањето, а се што добиваат со тоа е ефектот на “усни на кловн”.

За да ги избегнеш таквите грешки, мора да престанеш да се водиш од логиката “што повеќе кармин и молив за усни, толку подобро”. Само усните што изгледаат сосема природно се убави и привлечни. Затоа, подобро е да бидеш умерена и да ги исцртуваш усните, колку што е можно повеќе пратејќи ја нивната природна форма. Верувај, повеќето познати модели и блогерки за нивните сочни и полни усни можат да се заблагодарат на хирургијата, а не на карминот и моливот за усни.

2.Веѓи видливи од авион!

Нема девојка која се чувствува удобно кога луѓето од нејзината околина го коментираат нејзиниот изглед. Претерано здебелени и темни веѓи секако се причина за негативни коментари и потсмев. Знам дека се обидуваш да ги пратиш најновите трендови и да ги направиш своите веѓи густи и совршени, но не дозволувај таа желба да те понесе. Имај ја на ум количината и начинот на кој го користиш моливот за веѓи или сенката на веѓи. Моливот со кој ги исцртуваш веѓите внимавај секогаш да биде добро наострен. Вежбај ја правилната употреба на козметичките производи за веѓи, запознај ги предностите и недостатоците на секој и не заборавај дека природната убавина секогаш е во мода!

- Реклама -

3.Шаренило на сите страни!

Сигурна сум дека барем еднаш ти се случило, кога ќе излезеш од својот дом, подоцна да ја забележиш впечатливата разлика во нијансите на кожата на лицето и вратот. Ова е типична грешка на сите почетници при шминкањето, но исто така и на оние девојки кои се шминкаат пред огледало со слабо осветлување. Покрај тоа, изборот на соодветна течна пудра има многу важна улога.

Кога ќе избираш пудра, таа не се нанесува на дланките или на вратот, најдобро место за нанесување е веднаш под брадата. На овој начин најлесно ќе ја одредиш вистинската нијанса на пудрата, која нема да биде различна од тенот на твоето лице. Уште нешто, секогаш нанесувај течна пудра на дневна светлина или пред посилен извор на светлина во текот на ноќта. Така ќе го избегнеш ефектот на маска на лицето и што е уште поважно, ќе имаш изедначена нијанса на лицето и вратот.